Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
Економија

Британските банки со загуби од 10 млрд. фунти

Лондон - Британските банки се соочуваат со значителна загуба поради заемите и кредитите што во износ од околу десет милијарди фунти и' ги дале на Грција.

Засега не се посочуваат банките што биле поврзани со грчката економија, освен што се истакнува дека Велика Британија, по Франција, Германија и САД, е четвртиот најголем заемодавец на Грција. Тоа предизвика пад на акциите на Лојдс банкинг груп, на Ројал банк оф Скотланд и на Барклис банка. Експерти проценуваат дека спуштањето на грчкиот кредитен рејтинг ќе однесе уште педесетина милијарди фунти од акциите и вредноста на капиталот што странците го имаат во оваа земја.

Претставник на брокерската фирма „Чарлс Стенли“ изјави дека се' уште нема паника на берзата, но никој веќе не е мирен поради она што се случува со Грција. (МИА)


#
Статијата е прочитана 619 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Добра бизнис-соработка меѓу Македонија и Косово
Еврото во грчка драма. Шпанија е следна?
Грчките влогови пораснале за шест милијарди евра
ССМ на Први мај нема да протестира
Грчката криза ќе не' чини 100 милиони евра
Власта не признава дека доцни со ДДВ
Банките со преполовени профити, но со добра солвентност
Стечајците повторно на протести