Број 2917  петок, 20 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Забава

МАГАЗИН

Гафовите значат неинформираност

Денес младите водители немаат од кого да учат професионализам и однесување на телевизија

ИВОНА САЗДОВСКА

Трагајќи по нови имиња кои би ги освежиле медиумите кај нас, телевизиите се одлучуваат да промовираат симпатични, атрактивни или познати лица кои се обидуваат да го стекнат епитетот водителски ѕвезди.

Колку и да погодува вистината, сосема е јасно дека историјата не започнува од младите генерации, туку од докажани имиња и доајени кои ги вовеле стандардите на тоа што денес би требало да значи добар водител или телевизиски презентер.

Ако тргнеме од логиката дека сите луѓе грешат, тогаш гафовите што им се случуваат на познатите водители и не се толку страшни. Но, од друга страна, гафот е најдобар показател за слаба информираност и за неискуство. Денес е доволно само да погледнете неколку емисии, да ви појде од рака некој да ве забележи и веќе за една недела сте голем телевизиски проект што се емитува во живо. Со цел да дознаеме дел од гафовите што ги направиле водителите кај нас, спроведовме анкета со некои од нив.





Александар Блажевски, водител и програмски уредник на Сител

- Почетоците на моето јавно промовирање како водител започнаа во Македонското радио, каде што се случи еден од најголемите гафови за мене досега. Бидејќи емисијата стартуваше рано наутро, некаде од пет часот, имавме задача само да ги читаме информациите кои секој ден ни беа ставени во една папка и средени. Немавме можност за отстапки во сценариото, бидејќи тоа беше строго забрането. Со оглед на тоа дека многу ми се спиеше наутро, еден ден дојдов на емисија и паметам дека беше среда, а во папката беа ставени информации од понеделникот. Убеден дека го читам тоа што треба и не загледувајќи го датумот, постојано повторував дека е понеделник и читав стари информации можеби половина час, се' додека не се јави една слушателка која им напомена на луѓето од режија дека станува збор за веќе слушнати информации. Единствено што можев да направам е да се извинам во етерот и потоа се снаоѓавме за да ја завршиме програмата до крајот. Кога веќе се потсетив на ова, доаѓам до заклучок дека ние што започнавме од МТВ имавме можност да научиме многу нешта и да сфатиме дека добрата информираност помага многу за да не се случат непредвидени нешта на сцената, иако ако се земе предвид, и ние сме живи луѓе на сцена.



Анкица Стојановска, радио и телевизиска водителка на Алфа

- Гафот кој никогаш нема да го заборавам е поврзан со моите почетоци во МТВ, кога добив задача да прочитам информација од рубриката „Најголемото чудо на светот“ што ја подготвувала дактилографка која наместо да го вметне зборот дирек во текстот, напишала директор. Читајќи махинално, реков дека топката се одбила и удрила во директорот. Одеднаш слушнав дека сите од режија се смеат и подоцна сфатив што се случило, всушност. Исто така, ми се случило неколкупати во радиоетерот да направам смешен гаф, а последниот на кој се сеќавам е моментот кога одеше песната на Елена Ристеска и велам ја слушаме „192“ и додавам дека токму овој број е на полиција, а доколку некој од слушателите се јави во Србија и сврти на 95 ќе му се јават и тамошните полицајци. Потоа увидов дека направив голема грешка и кажав доколку свртите 95, секретарката ќе ви го каже точното време, додека во продолжение одеше песната „Окрени број 95“ на „Тап 011“.

Роберт Јанков, водител на Канал 5

- Со оглед на тоа дека емисијата ми оди наутро во живо, понекогаш се случува да направам гаф кој најчесто го сфаќам како шега. Поаѓам од тоа дека на сите може да ни се случи и она што во тој момент можам да го направам е само да се извинам и да продолжам понатаму. Последното што го паметам беше малата збрканост од моја страна за време на божикните празници, кога истакнав дека големиот религиозен празник го празнуваат православните и христијаните, наместо да кажам католиците. Признавам дека не беше в ред тоа што го кажав, но професионално продолжив понатаму.



Јована Стојменовиќ, водителка на утринската програма на Сител

- Конкретно не се сеќавам дека сум направила некој посериозен гаф на телевизија, но доколку се случило тоа, искрено не сум го забележала. Бидејќи утринската програма оди во живо, свесна сум дека треба многу да внимавам што и на кој начин им ја презентирам информацијата на гледачите. Сега признавам дека утринското будење црпи многу енергија, па додека ни профункционира центарот за говор, треба време. Но, кога сме веќе на тема гафови, имав можност да направам смешка на своја сметка за време на едно интервју. На новинарското прашање дали некогаш би имала кратка коса, брзајќи да одговорам, се изјаснив дека во косата е мојата моќ како онаа на Симбад, секако не мислев на него, туку на легендата за Самсон и Далила. Да бидам искрена, очекував да ми се јават и да се пошегуваат на моја сметка, но помина незабележително, иако брзањето ме чинеше многу.



Ненад Георгиевски, радио и телевизиски водител на А1

- Моментно гафот на кој можам да се сетам е оној што го направив пред новогодишните празници. Бидејќи бев растргнат на сите страни, поточно од емисија во радио трчав кон телевизија да снимам емисија, сакајќи да ги најавам рекламите на А1, ми се испушти следуваат реклами на Фортуна радио. Свесен дека згрешив, не ми преостана ништо друго, туку да се извинам и да се коригирам. Лично сметам дека гафовите многу почесто ги правиме од брзање, сакајќи да кажеме се' во еден здив. Но, рака на срце, емисиите што се емитуваат во живо се многу комплицирани и бараат стопроцентна концентрација, а да не зборувам кога станува збор за некоја манифестација. Е тука можат сигурно да се јават непланирани проблеми. Кај нас е таква ситуацијата, од прв ден се оди со емисија во живо, за што водителите немаат ниту ден искуство, па логично е да има гафови и лапсуси.



Катерина Тодевска-Спасиќ, водителка на Телма

- Водењето емисии во живо нужно понекогаш предизвикува ��а кажеме некој гаф или лапсус. Она што го паметам уште додека ја работев емисијата „Журнал“ на Канал 5 беше гафот поврзан со локалните избори во 1999 година. Имав можност во студио директно да ги соочам тогашните кандидати, меѓу кои се наоѓаа и Ристо Пенов и Љупчо Николовски-Фуфо. Бидејќи столчињата беа именувани, а господинот Пенов доцнеше на емисии, се направи нов распоред на седиштата, но моето сценарио остана исто, па така господинот Фуфо го именував како Пенов, а Пенов како Фуфо. Симпатично, но во тој момент беше голема грешка. Гаф кој исто така ме насмеал многу беше краткото гостување на нашиот фудбалер Александар Васовски во мојата емисија по повод нерешениот резултат на мечот со Англија и во краткиот вовед за него, наместо да кажам дека одигравме нерешено, изјавив дека со Англија победивме 2:2.



Тања Стојановска,

презентерка на А1

- Кога ќе размислам подобро, потекнувам од една генерација презентери кои имаа одлични ментори да им покажат што значи да се биде пред камерите. Моите почетоци во МТВ значеа стекнување големо искуство кое нема цена денес по толку години во јавноста. Не велам дека гафовите не можат да им се случат на сите, но меѓу махинален гаф и слаба информираност има голема разлика. Се сеќавам дека еднаш за време на вестите махинално реков македонскиот претседател Борис Јелцин место Борис Трајковски. Веднаш се сетив дека згрешив, па единствено што можев е да се извинам и да се коригирам за да можам да ја прочитам информацијата до крај. Она што на сите треба да им биде јасно е дека оваа професија има многу финеси и квалитети што мора да се испочитуваат.


Статијата е прочитана 1353 пати.

Испрати коментар

Од: Игор
Датум: 19.02.2009 20:36:56
Паметам гаф на вестите на Канал 5: Шатлот Дискавери беше лансиран од Кејп Карневалот.
Од: daca
Датум: 20.02.2009 06:29:37
Мене ми се баш супер прикажаните водители и многу сакам да ги гледам и слушам, и мислам дека http://www.gotvisam.mk/ многу добро се снаоѓаат пред каерите.
Од: Nikola
Датум: 20.02.2009 11:06:14
Gafovite znacat neinformiranost, no i neobrazovanost. Obratete vnimanie na tekstot na prilozi na televizii, ce vidite kolku losi racenici ima. Pred nekoj den, na Sitel se prikazuvase film i vo prevodot bese napisano: Da ja vikneme "pacifistickata armija". Prevoduvacot ne znae ni za pacifik, ni za pacifizam!
Од: Lidija
Датум: 20.02.2009 13:36:03
I nasite voditele se zivi luge,ne se masini.Ne gledam nisto strasno vo toa sto na nekogo ke mu se sluci nekoja greska,toa sekojdnevno ni se slucuva na site.Losoto e toa sto nie sme nacija koja sekogas gi gleda greskite na drugite luge,a najmalku svoite.Mislam deka pred sekoja kritika sto ke ja dademe ne nekogo treba sami da se preslusame i da se preispitame.
Од: citatel
Датум: 20.02.2009 13:36:55
Kakvi se ovie iminja koi ste gi zemale za sogovornici, so isklucok na Tatjana A1 i Katerina Telma. Da bea pokvalitetni do sega nemase d apametime nivni glafovi. Ne relevantni likovi za vakva tema, mediumite ja dozivuvaat svojata najtemna doba, a gafovite na samo vljubenite TV likovi, koi si se kanat poemisiii za da nabildaat rejting ni se prirodna sostojba. pr. Blazevski i e urednik na sveziot gaf na Marijana koja ja pokanuva pokolnata Petkovska da ja zeme nagradata. Zarem toa ne e dovolen pokazatel kolkavi se negovite kapaciteti Kade otidoa zrelite i zdravi voditelki i novinarski iminja!!!!
Од: Filip
Датум: 20.02.2009 14:38:09
A sto da kaze kutriot ni Janko sto nema dopirni tocki so fudbal a komentira utakmici?

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Немања Павлов скандалозен победник
Дафи најдобра меѓу колегите
Смирени тонови за претстојната есен
Сите светла насочени кон Индиецот Рахман
Провев од препев