Број 2917  петок, 20 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Забава

ТВ ФОТЕЛЈА

Провев од препев

 РОБЕРТ Д. КРСТЕВСКИ

Гафот на водителката Маријана Станојковска на некој начин ја спаси помпезно најавуваната промоција на музичкиот проект „Кирилицо испеана“, поддржан од Владата преку Министерството за образование и наука и пренесуван на телевизија Сител. Несреќното повикување да се појави на сцената за да прими специјално признание своевремено една од најпопуларните македонски поп-пејачки Сашка Петковска, која одамна не е меѓу живите, за жал, го одвлече вниманието од суштината. Наместо да се полемизира за самиот проект, сега сите се занимаваат со блаженото незнаење на Станојковска дека личноста што ја повика загина во сообраќајна несреќа во близината на Свети Николе во далечната 1983 година.

„Кирилицо испеана“ како идеја не е спорна. Кој нормален би бил против реактуализацијата на највредното од ризницата на македонската забавна музика и негово доближување до генерациите што тогаш не биле ни родени? Токму како Маријана, која нејзината мајка ја донела на свет една година по трагичната смрт на Сашка.

Арно ама, како по некое непишано правило кај нас, меѓу идејата, колку таа и да изгледа благородно, и нејзината реализација знае да зине цела една бездна. Оттука сосем разбирлив е и преовладувачкиот впечаток во јавноста дека во случајов станува збор за сквернавење на националното бо��атство. Сетики им било јасно и на тие што го (о)смислија и што го изнесоа на плеќи овој проект дека ниту една копија не може да биде верна на оригиналот, па биле должни многу повнимателно да му пријдат на „ребрендирањето“ на најдоброто од популарната музика на овие простори од втората половина на минатиот век.

Не може и не треба секој, колку и да мисли се' најубаво за сопствените вокални способности, да се препушта на таква авантура каква што е обидот да се биде современа реинкарнација на музичките легенди од едно друго време. Се извинувам, но на сите што и денес воздивнуваат по рефрените од евергрините „Како Вардар ќе дотечам“, „Кажи нешто драга“, „Летај галебе“, „Молчи, молчи“, „Штом се сака“, „Роза сина“, „Бакни ме“ и другите никогаш Роберт Билбилов, Искра Трпевска, Јован Јованов или Адријан Гаџа нема да им звучат ни приближно како ненадминливите Зафир Хаџиманов, Драган Мијалковски, Верица Ристевска, Сашка Петковска. Дотолку повеќе што некои од помладиве со стајлингот со кој се појавија на сцената во Македонска опера и балет не покажаа ни елементарна почит кон величините што се трудеа да ги „симнат“.

Нема сомнение дека им е направена мечкина услуга на денешната плејада првенци на забавниот дел од македонската естрада. Ставени во корелација со докажаните вредности, испаѓа дека не им се ни до колена.








Статијата е прочитана 394 пати.

Испрати коментар

Од: Talent
Датум: 20.02.2009 12:56:39
Aj toa ama kako glasese naslovnata pesna Roza sina , sto ne vidov vo utrinski da se komentira kakov promasaj ste napravile tamo cel esalon pazaci na partiskata demagogija, za promena potpevnuvajte si go teksto na ovaa pesna, i placite si vo sebe po ruski

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Немања Павлов скандалозен победник
Дафи најдобра меѓу колегите
Смирени тонови за претстојната есен
Сите светла насочени кон Индиецот Рахман
Гафовите значат неинформираност