Број 3387  вторник, 21 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Забава

КЕЛИ МЕКГИЛИС

Венчавка со долгогодишната девојка Мелани

По два пропаднати брака со мажи, ѕвездата на филмовите „Топ ган“ и „Обвинета“, Кели Мекгилис, одлучила среќата да си ја проба со жена. Оваа 53-годишна актерка, која во јуни минатата година излезе во јавност со својата хомосексуална ориентација, во Њу Џерси, пред матичар, и' кажа „да“ на својата девојка, агентката за продажба, Мелани Лејс.

Кели и Мелани се запознале во 2000 година додека Лејс работела како келнерка во ресторанот што бил во сосопственост на актерката и на нејзиниот втор сопруг, Фред Тилман. Мекгилис првпат се омажила во 1979 година, а бракот траел само две години. Вториот брак, од кој има и две ќерки, 20-годишната Келси Лори и 17-годишната Сонор Ешли, траел 13 години, а заврши со развод во 2002 година. Актерката, која со улогата на згодната инструкторка по летање, во која се вљубува нејзиниот ученик Том Круз, стекна многу машки обожаватели, во својата сексуална ориентација почнала да се сомнева на 12 години. Кога во 1982 година, непознат маж ја силувал во нејзиниот сопствен дом, Мекгилис била уверена дека Бог ја казнува бидејќи е лезбијка. Својата приказна за борбата за соочување со самата себе ја раскажала во интервју во 2009 година кога признала дека сака жени.


#
Статијата е прочитана 670 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Пронаоѓањето партнер чини две блиски пријателства
Колкава е цената на среќата?
Новата „каптива“ со спортски дизајн и нови мотори
Раѓањето на Михаил беше животен подвиг
Син на мајка - дизајнер на 8 години
Повторно во затвор поради дрога



"""