Број 3410  вторник, 19 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Забава

Гладни сте за слатки и за солена храна?

Паметниот избор на артиклите ќе ви помогне да ги победите тегобите во деновите на ПМС, а притоа да останете вити

Не им е лесно на жените што секој месец се соочуваат со ПМС - освен интензивните промени на расположението, ги мачи и желбата за храна. Слатко, солено или кисело? Зависи од моментот. Баш поради ваквите желби, жените во текот на ПМС често се здебелуваат. Пријдете му на предменструалниот синдром со паметен избор на артикли, кои сигурно ќе ги олеснат симптомите.

Јаткести плодови

Во текот на ПМС, жените се исклучително емоционално чувствителни, па затоа многу често го менуваат расположението. Со цел да ги смирите нервите, изберете храна која ќе ве олабави. Тоа се јаткести плодови богати со магнезиум и омега - 3 масни киселини кои ќе ви го овозможат потребното смирување. Вооружете се со спанаќ, житни растенија, ореви и други јаткести плодови - тоа ќе ви бидат најдобрите пријатели во текот на ПМС.

Овошје и зеленЧук

Во деновите на ПМС, за да се заштити од стресните хормони, организмот бара од вас внесување големи количини здрава храна. Затоа, внесувајте во организмот колку што е можно повеќе овошје и зеленчук, а посебно се препорачува плодови што изобилуваат со вода. Иако телото во тие денови е исполнето со течности, екстра внесените работи целосно ќе го прочистат организмот.

Конкретна храна

За да не се мачите, немојте да си кратите од конкретната омилена храна. Не мора да претерувате, но за еден дневен оброк, можете да си дозволите храна во која навистина ќе уживате. Тоа може да биде јастог, сирење, квалитетно вино или телешко со вкусна салата. Изборот е ваш, но затоа бидете умерени.

Растителни влакна

Еден од најнезгодните несакани ефекти во текот на ПМС е опстипацијата. Ова предизвикува отоци и може да биде прилично болно. За да не се мачите, изберете храна богата со влакна, како што се ориз, грав или друг влакнест зеленчук.

Сладолед

Во текот на ПМС, организмот бара и т.н. храна за утеха. Во категоријата влегуваат и слатките и јаглеродните хидрати. Кај многу жени во овој период се појавува желбата за чоколади или тестенини со масно сирење. Обидете се да не јадете ваква храна, во спротивно ќе си направите мечкина услуга. Така ќе се чувствувате уште полошо по заситувањето. Кога ќе се појави желбата за храна за утеха - јадете сладолед. Тој ќе ве задоволи, а нема да остави посериозни последици.


#
Статијата е прочитана 1011 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Нова Камила во кралското семејство?
Со децении криел од семејството за вонбрачната ќерка
„Капка под небото“ пристигнува на 22 ноември
„Шевролет спарк“ -футуристички блесок на малата „искра“
Актерката прави колекција од филмови за возрасни






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency