Број 3410  вторник, 19 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Забава

Принцот Хари

Нова Камила во кралското семејство?

Според последните медиумски написи, принцот Хари започна нова романса со скандинавската рок-пејачка Камила Роместранд. Синот на принцот Чарлс и на покојната принцеза Дајана, кој од почетокот на годинава ја прекина врската со долгододишната девојка Челзи Дејви, сега повторно е вљубен, и тоа во фронтменката на рок-групата „Еди Д ’Ган“. Шепотењата за нивната врска започнаа откако норвешката музичарка им се пофалила на пријателите дека преспала во кралската палата „Клеренс хаус“, каде што принцот ја изненадил со појадок в кревет.

„Камила го сподели своето пријателство со Хари со неколку пријатели. Рече дека ноќта ја поминала во палатата, а принцот бил вистински џентлмен, но не откри повеќе детали околу нејзиниот престој таму. Камила не сака да разговара за врската со принцот, бидејќи стравува дека со тоа би можело да ја засени музичката кариера“, рече извор близок на Роместранд. Како и да е, врската е се' уште на почетокот, но останува да видиме дали принцот Хари ќе ја донесе втората Камила во кралското семејство.


#
Статијата е прочитана 2683 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Со децении криел од семејството за вонбрачната ќерка
„Капка под небото“ пристигнува на 22 ноември
„Шевролет спарк“ -футуристички блесок на малата „искра“
Актерката прави колекција од филмови за возрасни
Гладни сте за слатки и за солена храна?






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency