Каролина
„Капка под небото“ пристигнува на 22 ноември
Новиот албум на поп-пејачката Каролина, снимен во две верзии - македонска „Капка под небото“ и за српско-хрватско јазично подрачје „Кап испод неба“, ќе биде промовиран на 22 ноември. Издавач за земјава и за Србија е нејзината матична продукција „Авалон“, додека за останатите земји ќе излезе под капата на „Сити рекордс“ и „Емоушн“.
Новиот носач на звук ќе содржи десет композиции, а на него како автори се појавуваат неколку композитори од целиот Балкан и од Русија. Дел од проектот се и една акустична и една ремикс-верзија на две од постојните песни.
Како пилот-сингл и прва ударна композиција е песната „Не се враќаш“ од македонските композитори Бертан Аслани и Даниел Кајмаковски, а во самата песна како гостин на гитара се појавува нашиот најдобар гитарист Влатко Стефановски.
|