Промоција во Институтот за македонски јазик
По повод Годината на македонскиот јазик и 55-годишнината од основањето на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, денеска во 11 часот во просториите на Институтот ќе бидат промовирани неколку изданија.
Станува збор за книгите „Речник на личните имиња во македонското народно творештво“ од Марија Коробар-Белчева, Весна Миовска и Мери Момировска, „Македонски писмени споменици со глаголско и со кирилско писмо“ од Илија Велев, Лилјана Макариоска и Емилија Црвенковска, „Синтакса на сложената реченица во македонските црковнословенски ракописи“ од Александра Ѓуркова, „Кичевскиот говор“ од Веселинка Лаброска и „Условниот период во дијалектите на македонскиот јазик“ од Убавка Гајдова.
Книгите ќе ги промовираат Олга Иванова, Димитар Пандев, Марјан Марковиќ и Елена Петровска. (Н.П.) |