Број 3648  петок, 05 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Култура

И на колониите им претстојат промени

„Далеку сме од работилниците што функционираат во западните земји“ вели Ангел Коруновски

Катерина Богоева

„Има секакви ликовни колонии низ Македонија, некои вакви, некои онакви, некои се регистрирани, а некои постојат на диво. Како и да е, тие и' потпомагаат на ликовната сцена во Македонија, но не би рекол дека сите потпомагаат. Некои, и тоа прилично многу, им одмагаат на уметниците. Дружбата е најбитн��, ќе речат, но по колкава цена? Не се сите колонии така добро организирани, како што е, на пример, ’Софија‘ од Богданци, која е единствена графичка колонија во Македонија и една од неколкуте водечки графички колонии на Балканот“, го сумира деновиве своето досегашно искуство стекнато на две-три ликовни колонии Душан Вељковиќ, млад сликар од Скопје. Тој бил задоволен од условите, од пречекот и од почитта што ја добил на споменатата колонија. „Те третираат како што треба, не добиваш секаде такви услови. Вистина е дека дружбата и блискоста што ја стекнуваш со старите и со новите колеги-уметници е многу важна работа“. Но, за него, како и за многумина уметници од земјава, најчувствителното прашање за кое најчесто се избегнува јавно да се говори е односот спрема делата што се создаваат на колониите.

„Нормално е да се оставаат дела, но е битно колку и дали колонијата има или нема свој спонзор. Ако има спонзор од кој прима пари, неблагодарно би било да бара плус по неколку дела од уметникот. А има колонии што бараат по три-четири слики, што мислам дека е премногу. Колку што може колонијата да помогне, толку може и да одмогне во респектирањето на уметникот ако не му обезбеди посебни услови. Уметникот дури некогаш мора и да се потцени себеси, да остави неколку дела за да може да престојува сликајќи, со платено спиење, јадење и пиење“, посочи Вељковиќ, нагласувајќи дека секогаш ќе ги поддржува колониите со добри услови.

Прашањето за третманот на уметниците и делата на ликовните колонии во земјава е старо колку и колониите, а не е ни новина дека организаторите најчесто се судираат со финансиски проблеми за да ги обезбедат потребните услови. Во изминатите две-три години, парите што ги добиваат од Министерството за култура и од локалните власти најчесто се видливо, но неколкуте добри примери на функционирање поинаку од вообичаеното, јавно искажаниот критички став и размисла за трансформација на третманот на авторите и делата по примерот на други земји навестуваат можност за одредени промени

Во Велес, на пример, во куќата на Касапови и на Јордан Хаџи Константинов-Џинот, на седмата ликовната колонија „Папрадишки мајстори“, освен услови за работа, на уметниците им е понудена и забавна и културна програма, која вклучува и организирани забави и посети на културно-историски споменици и во Скопје. Координаторот на колонијата, младиот скулптор Ангел Коруновски, кој е задоволен од поддршката добиена од Градот Велес за подигање на нивото на условите за престој и работа на уметниците, смета дека овој вид дружење и работа на уметниците треба полека да го напушти досегашниот начин на организација и колониите да прераснат во работилници.

„Далеку сме од работилниците што функционираат во западните земји, каде што уметниците за создадените дела добиваат и пари. Одат на неколку колонии годишно и си обезбедуваат средства и за егзистенција. Сега немаме можност да им обезбедиме ниту 100 или 200 евра за делата што ги оставаат, а тоа би било добро, бидејќи на тој начин се зголемува мотивацијата на уметниците. И сега на колониите се создаваат добри дела, но нашата интенција ќе биде полека колонијата да прерасне во таков вид работилници за што постојат проверени примери. На уметниците, и мене лично, ми пречи практиката на приватните колонии да се продаваат делата што ги оставаат уметниците“, изјави тој, посочувајќи дека на годинешната колонија, освен македонските уметници, учествуваат и уметници од Хрватска, САД, Романија и од Бугарија.

Искуството, пак, на првиот човек на Асоцијацијата за култура ИКОН, Климе Коробар, со одржувањето на ликовните колонии во земјава претставува и соодветна илустрација и за општествените промени и интенции во изминатите десетина години. Во текот на јуни заврши петтото и последно издание на колонијата „Балкан спирит“, која ја обединуваше творечката енергија на балканските уметници, презентирајќи и' ја на Европа и на светот. „Се надевам дека ќе влеземе во ЕУ и треба да се свртиме кон европското обединување“, рече Коробар.

Оваа колонија беше поддржана од Министерството за култура во последните три изданија, годинава со 60 илјади денари, а минатата со 80 илјади денари, сума која Коробар ја нарече симболична со оглед на бројот на учесниците. На неа твореа шеесетина уметници, а за идната година е планирано подготовка на каталог од сите изданија на „Балкан спирит“, со по едно дело од секој уметник.

Но, Климе Коробар, кој во 1999 година во Маврово заедно со Љупчо Маленко, историчар на уметноста, ја ст��ртуваше ликовната колонија „Заедно“, заради обединување на уметниците од земјава без разлика на нивната етничка припадност и која подоцна се одвиваше и под наслов „Уметноста може“, деновиве најави ново ликовно обединување.

Имено, во манастирот „Св. Наум“ во Охрид, од 26 август до 5 септември ќе се одржува ликовна колонија посветена на сесловенските просветители - светите Климент и Наум, каде што е предвидено да учествуваат уметници од Словачка, Бугарија и Србија.

Идната година, според Коробар, предвидено е на ова ликовно случување да учествуваат и уметници од Украина, Молдавија и од Русија, а ќе се одржува и интернационала изложба, која ќе ги обединува словенските земји и нивната духовност. „Двајцата светители треба да бидат алка на поврзување, а не на разделување“, рече Коробар.

Ликовната уметница Шќипе Мехмети од Кичево, која преферира урбани колонии и на која многу и' се допаднала ликовната колонија во Пловдив, каде што учествувала, компарирајќи ги тамошните услови со условите на колониите во земјава, посочи: „Бевме сместени во стариот дел на Пловид, што беше многу инспиративно за мене. Последната вечер имаше изложба. Организаторите беа многу љубезни. Таква е колонијата ’Скопје‘, што се одржува во хотелот ’Арка‘ во Старата скопска чаршија. Прекрасна локација, добра организација, убав амбиент за работа“, вели Мехмети.


#
Статијата е прочитана 321 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Милош Форман ќе режира опера во Белград
Мултимедијален проект на улиците и на плоштадот во Охрид
Арт-фестивал во Струга
Изложба на Урош Вељковиќ во „Галерија 8“
Владимир Темков изложува во Прилеп
Павловски и Маџиров во „Светски поетски алманах“

"""