Павловски и Маџиров во „Светски поетски алманах“
Поезијата на Радован Павловски и на Никола Маџиров е вклучена во изборот на светската современа поезија подготвена од монголскиот поет Хада Сендо, основач на едицијата „Светски поетски алманах“.
Песните на македонските поети се застапени во печатеното издание за 2010 година, објавено летово, меѓу избраните 188 поети од 101 земја. Во него се и стихови на нобеловците: Шејмас Хини и Вислава Шимборска, сирискиот поет Адонис, Германецот Енценсбергер, јапонските автори Шунтаро Таникава и Макото Оока, францускиот поет Ив Бонфоа, Томас Транстромер од Шведска и други. (К.Р.)
|