Изложба на Урош Вељковиќ во „Галерија 8“
Во „Галерија 8“ - Безистен во Старата скопска чаршија вечерва во 21 часот ќе биде отворена изложба на слики на младиот ликовен уметник Урош Вељковиќ. Изложбата ќе ја отвори актерот Рубенс Муратовски, кој ќе изведе и свој ди-џеј-перформанс.
Вељковиќ дипломирал во 2007 година на Факултетот за ликовна уметност, на отсекот графика со графички техники и графички дизајн, во класа на професорот Костадин Танчев-Динка. Добитник е на наградата „Петар Мазев“ за сликарство на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ). Член е на Уметничкиот карван на Тихомир Кондев, на Арт институтот, на „АРТ 485Ц“, како и на ДЛУМ. Досега самостојно се претставил на изложби во Велес и во Скопје, но и на над дваесетина групни изложби. (К.Б.) |