Број 2933  среда, 11 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Хроника

Доживотен затвор за серискиот убиец Радески

Судот го прогласи Лазо Радески виновен за убиствата на тројца дилери на девизи

Симон Илиевски


ОХРИД - Првиот сериски убиец во Македонија Лазо Радески, обвинет за убиствата на уличните дилери со девизи Ракип Раим, Спиро Ставрески и Трајче Цоцески, вчера во Основниот суд во Охрид беше осуден на доживотен затвор. Според пресудата што ја објави вчера доцна попладне претседателот на Кривичниот совет, судијката Милка Таневска, тој до правосилноста на пресудата останува во притвор.

Осудениот Лазо Радески, кој вчера не присуствуваше на објавувањето на пресудата, е виновен за убиствата на тројцата препродавачи на девизи. Ракип Раим бил убиен на 28 мај 2006 година во продавницата „Грими“ на Туристичкиот булевар во Охрид. Со тврд предмет, односно со чекан му биле нанесени смртни повреди на главата, а потоа Радески го однел неговото мртво тело и го закопал во планината во близина на селото Оровник кај Охрид. Спиро Ставрески, како што стои во пресудата, бил убиен на 8 февруари 2007 година околу 12 часот, исто така, во продавницата „Грими“ и на сличен начин со удари со чекан, при што му биле нанесени повреди на задниот дел од главата, вратот и лицето. Убиецот Радески го однел телото во близината на селото Лактиње каде што го закопал, а потоа случајно беше пронајдено. Според пресудата, уличниот дилер со девизи Трајче Цоцески бил убиен на 12 април 2008 година меѓу 10,20 часот и 16,35 часот во истата продавница и на сличен начин. Покрај тешките повреди, Радески го искасапил неговото тело и го фрлил во близината на реката Сатеска на патот кон Струга каде што го пронашол случаен минувач. Трите убиства биле извршени на подмолен и свиреп начин, односно убиецот не дозволил убиените да го видат, бидејќи се докажало дека сите се убивани од задниот дел на главата.

Застапниците на оштетените семејства на тројцата убиени изјавија дека пресудата е правична, но не беа задоволни од одлуката на судот отштетните побарувања да ги бараат во граѓанска постапка. Застапникот на оштетените од семејството на Ракип Раим, адвокатот Драган Корвешовски, рече дека во нов процес треба да се утврди дали Радески имал соучесник при извршувањето на злосторствата. Објасни дека одбраната на Радески повеќепати во текот на процесот споменуваше несовпаѓање на некои од доказите и отворање сомнеж за соучесништво. Тој рече дека полицијата со нови докази може да ја реши оваа непознатост во интерес на правдата и семејствата на убиените. Бранителот на серискиот убиец Лазо Радески, адвокатот Емил Балабан, кој го бранеше по службена должност, најави жалба на пресудата. (С.И.)


Статијата е прочитана 663 пати.

Испрати коментар

Од: Живко Кекев-Аустралиа
Датум: 11.03.2009 00:39:36
Не можам да разберам за што употребувате англиски зборови кога нашиот (македонскиот ) јазик е еден од најбогатите јазици.Во овај случај се обратувам на зборот " дилер" -колку глупаво звучи а и многу други што сум ги приметил како "лидер"и т.н.
Од: Nikola
Датум: 11.03.2009 09:01:33
Slika na naseto sudstvo i na kapacitetot na sudiite e vcerasnata presuda itaa vo del glasi: Se osuduva na dozivoten kazna zatvor ... i vremeto pominato vo pritvor ce se vkluci vo kaznata??? Pa kako vreme pominato vo pritvor ce se vkluci vo dozivoten zatvor??? papagali sto ne razmisluvaat, tuku cekaat da im se javi ministerot!
Од: Davor Kamenko
Датум: 11.03.2009 10:18:24
Od kade be glupaku eden lider i diler se angliski zborovi koi spored tebe vesnicive gi upotrebuvaat kaj sto ne im e mesto??? Toa se opsto prifateni internacionalni zborovi koi se upotrebuvaat vo sekoj jazik.. Kaj i da odis vo svetot ke te razberat koga ke reces diler ili lider.. A veke koga treskas mnogu, i koga sakas da go reklamiras nashiot ni makedonski jazik, kako se pishuva Australia na Makedonski znaesh?? AVSTRALIJA a ne ti kako sto si pisal.. E more Zivko,Zivko... Ostaj gi novinarite neka si rabotat i ne ne zamaraj so vakvi glupavi pro-makedonski komentari.. Garant za Vmro si, i bez da doznaam nesto za tebe, siguren sum...
Од: sladj
Датум: 11.03.2009 16:29:45
Zivko od Australia..aj ziv'ti uzivaj vo gletkata na razripani kenguri od tvojot prozorec..ne komentiraj nesto za sto ne si kompetenten..ok, mate?!

Најди! во Утрински
Хроника
Четирикратниот убиец се' уште се бори за живот
Судењето на Бајруш Сејди, најверојатно, на 25 март?
Побарана милионска отштета за скандалот со „Јака табак“
Обезглавен судот во Гостивар