Број 2933  среда, 11 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Хроника
Побарана милионска отштета за скандалот со „Јака табак“

И на повторениот судски процес против 15-темина обвинети во аферата со државните резерви на тутун, државниот правобранител ја повтори висината на отштетното побарување. Имено, Државниот правобранител Ивица Петров и на вчерашното рочиште рече дека државата како отштетно побарување предјавува износ од 161.972.759 денари. Тој не можеше да каже со сигурност дали ќе остане на овој износ, бидејќи паралелно во струмичкиот Основен суд се водеше слична постапка, а овој судски предмет токму по жалба на Правобранителството е на одлучување во Апелациониот суд во Штип. Ова значи дека доколку штипска Апелација ја потврди пресудата на струмичкиот суд, тогаш висината на побаруваната штета може драстично да се намали или, како што тврди одбраната на обвинетите, да се покаже дека со препродажбата на тутунот од стоковните резерви воопшто и нема штета за државата.

Вчерашното судење започна со информација презентирана од Судскиот совет со која се потврдува дека „струмичкиот“ предмет е во Апелациониот суд во Штип, но дека по него повисокиот суд се' уште не се произнел по жалбата на Државното правобранителство.

За аферата со државниот тутун Јавното обвинителство кон крајот на 2007 поднесе обвинение против директорот на Бирото за стоковни резерви, речиси целокупното раководство на редовишки „Јака табак“, против државен правобранител и извршна судијка и комплетната владина комисија. Случајот беше пресуден, но повисокиот суд го врати предметот од почеток. (Љ.С.)


Статијата е прочитана 751 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Доживотен затвор за серискиот убиец Радески
Четирикратниот убиец се' уште се бори за живот
Судењето на Бајруш Сејди, најверојатно, на 25 март?
Обезглавен судот во Гостивар