Број 3435  четврток, 18 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Анализа
Вести








Site Meter
3435

Груевски му ги лапна пулените на Георгиевски

Водиме посебна евиденција за оние што не предадоа и никогаш нема да им простиме, велат од ВМРО-НП

Александра М. Митевска

Многу малку познати лица може да се видат во кампањата што ВМРО-НП ја почна пред една недела, како подготовка за следните парламентарни избори. Во таборот на некогашниот премиер Љупчо Георгиевски веќе не припаѓаат повеќето личности што беа членови на неговата влада (исклучок се Марјан Додовски и Љупчо Балковски), пратеници што ги бранеа боите на Народна во периодот 2006-2008 година или парламентарци што во 2004 година се издвоија од ВМРО-ДПМНЕ за да ја формираат новата партија на десницата.

„Старите вмровци“, кои му искажаа лојалност на стариот лидер за време на големиот раскол во ВМРО-ДПМНЕ (во време кога Груевски беше во опозиција), во изминатите две-три години постепено правеа чекори назад кон матичната партија, која во последниве четири години е и владејачка. Во меѓувреме, се потиснаа големите анимозитети, се заборавија тешките навреди што си ги разменуваа вмровците од двата табора, се залечија раните од отровните стрели што повеќе си ги испраќаа едни кон други отколку кон идеолошките противници - социјалдемократите.

Дел од личностите, кои во 2006 ��одина јавно го убедуваа Груевски да не коалицира со ДУИ, а за возврат му нудеа поддршка од ВМРО-НП по принципот на малцинска влада, сега се функционери во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Во ВМРО-НП коментираат дека токму нивните кадри сега се на најповластени позиции во власта, додека Георгиевски, од позиција на опозиционер, се конфронтира со својот некогашен соработник - премиерот Никола Груевски.

„Луѓето што тогаш ја направија ВМРО-НП и што инсистираа да се повлечам таму, оние што тогаш се колнеа во моето име, многу чудно, но најголем дел од нив се вратија во ВМРО-ДПМНЕ и тоа на релативно високи и убави позиции. Тука е моето сомневање, дали екипата што тогаш ја создаваше ВМРО-НП не беше во некаква игра да го оттргне Љупчо Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ“, изјави неодамна Георгиевски во интервју за еден дневен весник.

Со поранешниот премиер и вмровски лидер Георгиевски веќе не се повеќето од кадрите што ВМРО-НП во периодот 2006 -2008 година ги делегираше на функции во власта, поради поддршката што оваа партија и' ја даваше на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот, поради тогашното тесно парламентарно мнозинство. Ја нема докторката Весна Јаневска, која долго време беше в.д. претседателка на партијата, ниту Валентина Божиновска, која сега е на чело на Комисијата за верски заедници. Некогаш мошне експонираниот пратеник на ВМРО-НП, Жарко Караџовски, сега е директор на „Македонски шуми“, а на функции се и неговите соборци во парламентот Чедомир Краљевски - директор на Антимонополската управа, Марија Којзеклиска - заменик-директор на затворот во Штип...

„Во ВМРО-НП водиме посебна евиденција за оние што ја предадоа партијата. Предавниците и кодошите се посебна категорија луѓе секаде во светот и најчесто се на повластени позиции. Ние никогаш нема да им простиме, бидејќи еднаш предавник - секогаш предавник. Но, нека му ја мисли Груевски, бидејќи тие би можеле и него да го предадат“, вели претседателот на партијата, Марјан Додовски.

Спиро Ристовски, кој беше водач на младината на ВМРО-НП и шеф на изборниот штаб во 2006 година, сега е заменик-министер за труд и социјална политика во Владата на Груевски. Поранешниот портпарол на Народна, Александар Георгиев, пак, е соработник за односи со јавноста во Владата. Препознатливо лице од актуелната власт е и Паско Кузман, директорот на Управата за културно наследство, кој беше носител на советничката листа на ВМРО-НП во Охрид на локалните избори во 2005 година. Таа година носител на советничката листа на ВМРО-НП, но во Штип, беше и Илчо Захариев, кој летоска беше разрешен од директор на Бирото за лекови, бидејќи му истече мандатот. По извесно време во Владата се премислија и Захариев доби втор мандат.


#
Статијата е прочитана 2821 пати.

Испрати коментар

Од: xxL from Prilep
Датум: 15.11.2010 13:49:39
abe si kaza "vojvodata" ,najmakedonska partija e SDSM,a najgolemite srbomani i bugarofili se vo VMRO DPMNE i si kaza coeko deka trebalo da se vika UMRO(unutrasna makedonska revolucionarna organizacija),pa nali Marjan Gjorcev pisuval poezija za Lazo Kolisevic,najgolemiot srpski vazal vo Makedonija
Од: RND
Датум: 15.11.2010 14:30:57
Posle nekolku godini se e zaboraveno pa podobro da se napravi "biznis" otkolku da se bide principielen. Nasata politike e ringispil na interesi - pa koj e "interesen" najdobro e so nego da se druzis.
Од: phoenix
Датум: 15.11.2010 19:48:08
ednas kodos sekogas kodos,kade ke vi bide krajot ako padnete na izbori?
Од: zoki stip
Датум: 15.11.2010 22:01:12
pa dobro vreme e za takvite d-uvlekaci da se vodi evidencija koi ne se za nikakva ideologija tuku samo imaat za cel da se na dobra pozicija.pozdrav za takvata odluka.

Најди! во Утрински
Македонска верзија

ЕДИТОРИЈАЛ
Маја Томиќ
Глобалист
Љупчо Поповски
Поглед
Мирче Јовановски
Мислења
Назми Малиќи

Викторија од Шведска
Принцезата доаѓа на тронот по татковиот секс-скандал?

Синди Крафорд
Секс само по распоред

 


Borisov to shut down Bulgarian Academy of Science
No last-minute miracle for Macedonia's Nato entry
Slovenian bank saga finally draws to an end