Штафетата на Светската хармонија низ Скопје
Штафетата на мирот и хармонијата, која е симбол на големата светска спортска манифестација, посветена на пријателството меѓу луѓето од сите континенти, деновиве минува низ скопските општини. Факелот во средата од рацете на градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, го презеде маратонецот Горан Стојановски, а потоа продолжи до Општина Бутел. Факелот вчера патуваше низ Карпош. (Сн.К.)
|