Број 3100  петок, 02 октомври 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Најавеното зонско паркирање зад ТЦ „Бисер“ ги изнервира аеродромци

Трајановски и Коневски ветија укинување на системот доколку за еден месец се покаже како нефункционален

Деспина Трајковска


Уште непрофункционирано, зонското паркирање зад ТЦ „Бисер“ во Аеродром наиде на негодување кај жителите од околните згради, а особено кај пазарџиите и дуќанџиите од трговскиот центар. Триесетина жители вчера спонтано се собраа на паркингот каде што градоначалниците на Скопје и на Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, го најавија и промовираа зонскиот систем на паркирање, кој во тој дел од населбата ќе почне да функционира од понеделник.

Речиси еден час градоначалниците им објаснуваа на станарите дека воведувањето на зонското паркирање ќе биде првенствено полезно за нив, оти во секој моментот ќе имаат место за паркирање, за што месечно ќе треба да издвојуваат симболични 200 денари. На пазарџиите и дуќанџиите од „Бисер“, пак, им укажаа дека дотурот на стока и паркирањето, воопшто, ќе им биде овозможено по повластени цени. Сепак, ноншалантно им порачаа дека користењето паркинг-простор е нешто што секаде се наплаќа. По објаснувањата и разубедувањата помеѓу градоначалниците и претставниците од ЈП „Градски паркинг“, од една страна, и корисниците на паркингот, од друга страна, надлежните ветија дека доколку за еден месец проценат оти зонското паркирање на таа локација не е функционално и постојано има поплаки за него, тоа ќе биде укинато.

„Разбирливи се реакциите на станарите и на останатите. Но, за кратко време сами ќе заклучат дека тоа е во нивна полза и, пред се', исплатливо. Таков беше случајот и со граѓаните на Центар, во оние делови каде што зонското паркирање веќе успешно функционира“, порача градоначалникот Коце Трајановски, кој најави дека зонско паркирање наскоро ќе се воведе и во делови на општините Ѓорче Петров и Карпош, и тоа по барање на градоначалниците.

„Ова беше едно од тесните грла во населбава и одлучивме оти решение за проблемот е зонското паркирање. Од денешниве реакции не сум изненаден, но убеден сум дека за само два-три дена станарите ќе дојдат и ќе ни подадат рака за стореното“, рече градоначалникот Коневски.

Месечно користење на паркингот, кој има околу 1.000 места, за станарите од околните згради ќе чини 200 денари, додека паркирање за еден час ќе се наплаќа 25 денари. Плаќањето може да се врши на два начина, преку плаќање СМС-порака, или со купување билет-грепка за зонско паркирање. За сите детали корисниците на паркингот можат да се информираат од поставени информативни табли на паркиралиштето, или на телефонот 3215-566.

 


#
Статијата е прочитана 478 пати.

Испрати коментар

Од: Saso
Датум: 02.10.2009 05:44:27
Neznam sto mislat gradonacalnicite ama ako mi padne prometot vo dukan samo gratski parking ke ima kar a drzavata ne.I posle nevrateni pari za patriotski smetki i slicni gluposti,slobodno javno iskazuvam deka posle clenstvo vo VMRO od 20 sveceno ke izlezam zasto sakam da ziveam a ne samo da me globat na sekoj cekor a nemam nisto za vozvrat.Nemam nisto protiv da se postuvaat zakoni ako da bidat prikladni za dadenata situacija.Site tie dukangii posle padnat promet zasto nema da doagaat musterii ke plakaat pomalku danok otkolku sto parkinzi ke podelat megu sebe i ke i platat na drzavata.
Од: vesna
Датум: 02.10.2009 07:57:55
a,ke im obezbedi li na stanarite,parking ili ke gi ostavame kolite na ulica,za mestata da se naplacaat po cas?????????????
Од: Saso
Датум: 02.10.2009 08:28:25
Dosta veke so naroden arac.Ako toa bese celta na Gruevski neka mu sluzi na cesta.Od denes ja vrakam kniskata na VMRO.Nie si gi plativme parking mestata so kupuvanje na stanovite.
Од: Aleksandar
Датум: 02.10.2009 09:04:18
Страшно!! ОВА што ми го направија пред зграда е тешка глупост и класика рекет. Сега за жал ќе треба да го окупирам местото на комшиите во околните згради. Ивица и Коце, извинете но 200 денари месечно * 12 месеци = 2400 МКД. Ова за мене се големи пари, а не симболична цена како што изјавувате!!! Срамота!?!
Од: goran
Датум: 02.10.2009 09:05:13
Е па сте ги гласале Коце и Коневски за градоначалници тоа вие е Аеродромци, друг пат размислете добро. Зошто не ја подржите инциијативата на ЛДП за намалување на цена на паркирањет0.
Од: Pero
Датум: 02.10.2009 09:33:18
Prvo koga se izgradeni zgradite za da se dobie dozvola so proektot investitorot e dolzen da izgradi parking prostor koj stanarite veke go platile so samoto kupuvanje na stanovite zaradi toa sto investitorot go izgradil od parite na sopstvenicite na objektite.. Zatoa za stanarite i za site onie koi poseduvaat prostor vo toj objekt PARKIRANJETO MORA DA E BEZPLATNO. Istotaka za onie stranki za koi eventualno bi se naplakalo parite bi trebalo da idat na smetka na sopstvenicite na objektite t.e. parkingot vo sklop na parcelata na toj objekt. I samo sopstvenicite moze da resat dali ke naplakaat.
Од: Paca
Датум: 02.10.2009 09:56:51
СРАМОТА! Каков е овој начин станарите кои при купувањето на становите платиле и за инфраструктурата, како паркинзите, да плаќаат повторно за нешто што веќе го платиле. Ова е најобично ЛЕШИНАРЕЊЕ и каубојски начин на приходување од нешто што не е нивно , т.е од ТУЃА СОПСТВЕНОСТ. Ако сака Градот/Општината да приходува, нека изгради нови катни гаражи па нека наплаќа. Второ, со цените кои ги НАДУЛЕ апсолутно не се согласувам. Дали тие наши градски ‘татковци‘ ги правеле цените според нивните лични приходи (плати, надоместоци, членувања во 5-6 управни одбори ...) а не според просечните плати на граѓаните - оние кои се вработени. Трета работа: каде одат нашите пари - на граѓаните кои се уплаќаат како општински даноци? Дали треба со тие пари да плаќаме за нечии реклами, вработување на партиски лепачи на плакати а не за функционирање на општината, како на пример градба на нови бесплатни паркинзи?
Од: sk
Датум: 02.10.2009 10:12:01
Sramota Bednici. So gradenje parkinzi se resava problemot a ne vaka.Kaj sto vi tekna stavivte rampi a sto ste izgradile nisto.
Од: Zonskoto na Ustaven sud
Датум: 02.10.2009 10:24:59
Koce Trajanovski ova go preslika od Zagreb, ama zaboravi deka tamu ima na sekoi 2-3 kilometri podzemni garazi so povece od 3 nivoi i kade celodevniot i mesecniot parking e mnogu poeftin od ona zonskoto.Kako mozese onoj od „Parking“ sto bese so Trajanovaki, na gradjaninot od Aerodrom da mu grubo kaze: !Pa odi baraj parking tamu, pa ne znam kade, tamu, kaj drvjata, kaj onie zgradi“. Ej, kakva drskost. Sogradjani, ova parkirawe da go dademe na Ustaven sud. Za da go sprovedat toa, oni moraat da obezbedat vo blizina drugi parkinzi za dnevno parkirawe so normalni ceni. i na kraj, koga ce sprovedat zonsko vo Cair i po Bitpazarska?
Од: sofi
Датум: 02.10.2009 13:50:45
Skopje - zabranet grad! malku da gi cuknevte pipernicite, ke sfatevte deka moze da se parkira dolz soobrakajnicite, ada se ostavi prostorot za mali parkovi. vaka, samo kup pari za parkiranje, ako slucajno ti tekne da povozis nis Skopje
Од: Tosho
Датум: 02.10.2009 13:51:08
Нека воведе Коце наплата за паркирање во Арачиново и Ќерамидница. СРАМОТА! испотрошивте се‘ па сега вака ќе го полните буџетот и партиските каси. Збеснавте и забегавте од ‘апсолутната власт‘ која ви ја дадоа луѓето.
Од: Mane
Датум: 02.10.2009 14:36:24
Точно е дека има голем метеж и дека тешко се вози од несоответно паркирње.Треба да се стави ред и се да биде обележано. Но не треба да се наплаќа, колку дозволи треба да се извадат за пријателите-посетители, родителите кои во утинските часови доваѓаат да чуват деца. Не е во ред, на тој начин уште повеќе ќе се оддалечиме меѓу себе, бидејки едно идење на родител кој треба да плати две автобуски карти, етети сега нов трошок. Трајановски еднаш излезе надвор од Скопје, па донесе збрки.Се понаша како дете, кое ќе види нешто, па етети беља, и јас сакм, и јас можам. Така не се работи.

Најди! во Утрински
Скопје
Патувачка изложба со воз
Втора фаза од канализацијата во Илинден
Работеле на зелен бран и дупнале цевка
Штафетата на Светската хармонија низ Скопје