Патувачка изложба со воз
„Цвеќе на мирот против насилството“ е насловена патувачката изложба со воз од Скопје до Битола на хуманистот и уметник Живко А. Поповски-Цветин. Авторот на изложбата ќе подарува свои слики во Велес, Чашка, Богомила, Прилеп и Битола, а во текот на патувањето и 65 цвеќиња на мирот ќе подари на патници во возот. Настанот по повод Меѓународниот ден на ненасилство го организираат Советот на Европа и клубот УНЕСКО од Скопје во соработка со МЖ. (Сн.К.) |