Број 3391  сабота, 25 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Свет

Елизабета немала пари за парно греење

Лондон - Британската кралица се обидела да се искористат дел од парите од државниот фонд за сиромашно население за да се платат сметките за греење во Бакинганската палата, тврди „Индепендент“, повикувајќи се на официјалните документи што ги обезбедил весникот според законот за пристап до информациите.

Претставници на кралската палата побарале од британската влада дополнителни средства за покривање на трошоците за греење на службената резиденција на кралицата, што се наоѓ�� во центарот на Лондон, затоа што во последните години значително се зголемени трошоците за оваа намена. Владата, меѓутоа, го одбила ваквото барање, образложувајќи го своето решение со објаснувањето дека Фондот од кој се побарани пари е наменет, главно, за плаќање сметки за греење на семејствата со ниски приходи и за разни установи, какви што се училиштата или болниците.

Владата во објаснувањето до Бакингамската палата, според овој лондонски весник, вели дека би дошло до лош публицитет и до неповолен одглас во британската јавност ако парите наместо за некоја болница, се пренасочат за кралската палата.

Британските даночни обврзници годишно за издржување на кралското семејство одделуваат по 38 милиони фунти, или секој Британец за кралицата издвојува годишно по околу 60 пени. (МИА)


#
Статијата е прочитана 1513 пати.

Испрати коментар

Од: intelekt
Датум: 25.09.2010 12:44:56
da?ajde da i pozajmime...so izgradbava na "prekrasnite" lavivi,pkazuvame deka imame pari i za izvoz!kutrata elizabeta,sirotica..e bas i poveruvavme deka nema za parno..uh ke se smrzne zimava...jadnica-:)

Најди! во Утрински
Свет
Ахмадинеџад направи скандал
Човекот што му направи „атентат“ на Никсон
Стоп за репатријацијата на Ромите во Косово
Кога лидерите се глупираат
Париз нема насилно да ги ослободува заложниците во Нигер
Умре пучистот против Горбачов



"""



Contributors to WAZ.EUobserver
Railway joint venture to make train travel in Balkans faster
Ivo Sanader – Croatia's ex-prime minister gone missing