Број 3391  сабота, 25 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Свет

Стоп за репатријацијата на Ромите во Косово

Присилно вратените 3.500 Роми од Македонија се соочуваат со мала шанса за реинтеграција

Дан Алексе
Дописничко биро на ВАЦ



Миграциониот комитет при Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПАЦЕ), апелираше до европските власти, особено до Берлин да го суспендира планираното враќање на Ромите во Косово, „додека не им биде покажано дека ќе бидат безбедни и одржливи“. Одобрувајќи го извештајот за „Ромите азиланти во Европа“, Комитетот во вторникот соопшти дека присилно вратените Роми се соочуваат со „неодржлива социјална ситуација со мала шанса за реинтеграција како и сериозни закани по нивната лична безбедност“.

Комисијата ПАЦЕ посочи дека Косово нема ресурси за успешна реинтеграција на овие луѓе и забележува дека околу три четвртини од Ромите, кои се веќе присилно вратени во Косово, се преселиле или вратиле во земјите од каде што биле депортирани. Се проценува околу 100.000 Роми го напуштиле Косово по конфликтот во 1999 година, повеќето од нив тврдејќи дека биле прогонети од мнозинското албанско население. Во последнава деценија десетици илјадници од овие Роми живеат во други делови на Европа или со некој вид привремена заштита или едноставно „толерирани“ но неколку земји сега се подготвуваат да вратат забележителен број од нив. Голем број земји, вклучувајќи Германија, Франција, Белгија, Швајцарија и Норвешка потпишаа „договор за повторно примање“ со Косово. Во случајот со Германија властите предвидуваат репатријација на 2.500 лица годишно. Меѓутоа, овие договори немаат специфични одредби кои се однесуваат на Ромите. Комисијата при Советот на Европа нагласува во необврзувачката резолуција дека половина од косовските Роми на кои им се заканува протерување од Германија се на возраст под 18 години.

Во август Советот на Европа веќе ја изрази својата „длабока загриженост за третманот на Ромите мигранти во Франција“. Минатата недела Меѓународната федерација за човекови права, исто така, обелодени дека ќе ја гони Белгија за малтретирање Роми пред Советот на Европа. Од 2004 година, четири земји - Бугарија, Грција, Италија и Франција - се осудени од Советот на Европа за недостиг на олеснувања за Ромите. Разликата е во тоа што оние од Романија и Бугарија се државјани на ЕУ, додека оние од Косово доаѓаат илегално. Методот на протерување варира од земја до земја. (ВАЦ ЕУ Обсервер)


#
Статијата е прочитана 691 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 25.09.2010 18:17:20
Мајко моја да сакаа овдешниве да ги репатрираа Ромите во Косово што се би се случило тогаш. Харанга невидена,европеецот тука би побарал да не исклучат од сите европски тела,инвазија од секаков профил од Брисел,ОБСЕ,Нато, космонаутите што кружат горе,плетачки на чорапи од Англија,ноќните дами од Хамбург и Марсеј и т.нЕдино би не подржал Саркози но не гарантирам.
Од: Komentator
Датум: 26.09.2010 09:35:22
Pa dobro gospoda od EU .. koga ja sozdadovte ovaa fantomska drzava KOSOVO...prvo VI bese nacelo deka sakate drzava so ramnopravni gradani ..a ona nitu lojalen Albanec na JU drzava ne mozeze da ostane vo nea i se vrati .. cista utopija...Gradanite na EU se pogolemi "ovci" od nas. ne gi ineresira nisto osven nivniot standard ...kako eden ne stana i javno da kaze DOBRO LUGE STO NAPRAVIVME zosto tolku zrtvi i pravi i krivi ...sto drzava sozdadovme vo koja sega se pravi etnicko cisteneje pogolemo i od Afrikanski zemji..i na nikoj NISTO....

Најди! во Утрински
Свет
Ахмадинеџад направи скандал
Човекот што му направи „атентат“ на Никсон
Елизабета немала пари за парно греење
Кога лидерите се глупираат
Париз нема насилно да ги ослободува заложниците во Нигер
Умре пучистот против Горбачов



"""



Contributors to WAZ.EUobserver
Railway joint venture to make train travel in Balkans faster
Ivo Sanader – Croatia's ex-prime minister gone missing