Број 3391  сабота, 25 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Свет

Париз нема насилно да ги ослободува заложниците во Нигер

ПАРИЗ - Франција ја отфрли можноста за моментална воена акција за да обезбеди ослободување на петмина свои државјани што се држат од страна на северноафриканското крило на Ал Каеда, изјави вчера првиот човек на вооружените сили.

Говорејќи за Радио Европа 1, Едуар Гијо изјави дека воена интервенција е возможна ако ситуацијата ескалира, но Париз нема причина да мисли дека животите на заложниците се доведени во непосредна опасност. „Воена операција е возможна, но моментално животите на заложниците не се под директна закана �� ние чекаме да се воспостави комуникација“, изјави Гијо.

Северноафриакнското крило на Ал Каеда ја презеде одговорноста за киднапирањето на седуммина странци во Нигер минатата недела, вклучувајќи и петмина француски државјани, што претставува ескалација меѓу групата и Франција. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 372 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Ахмадинеџад направи скандал
Човекот што му направи „атентат“ на Никсон
Стоп за репатријацијата на Ромите во Косово
Елизабета немала пари за парно греење
Кога лидерите се глупираат
Умре пучистот против Горбачов






Another French general takes over as head of Eulex
EU officials and Brammertz clash over Serbia
Fear of toxic sludge spread after Hungary catastrophe