Умре пучистот против Горбачов
МОСКВА - Во Москва почина Генадиј Јанајев, кој накратко се прогласи себеси за претседател на Советскиот Сојуз за време на неуспешниот државен удар во 1991 година, објави вчера руската новинска агенција Интерфакс. Јанајев (72) боледуваше од „сериозна и долга болест“, беше цитирана изјавата на медицинскиот извор. Јанајев прогласи вонредна состојба за време на државниот удар во август 1991 година, обраќајќи им се на гледачите пред малите екрани дека тогашниот советски лидер Михаил Горбачов, кој беше во домашен притвор во Крим, се „одмора“ и „потребно му е време за да си го врати здравјето“. (Ројтерс) |