Брoj 2711  сабота, 14 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Рупел: Изборите ги следиме со големо внимание

Да ги отстраните сите пречки кои можат да го попречат патот кон ЕУ, вели Рупел

Димитар Чулев

„Овие избори можат да значат запирање на европскиот процес“, предупреди вчера во Скопје шефот на словенечката дипломатија, Димитриј Рупел, кој престојуваше во еднодневна посета на Македонија на малку повеќе од 30 часа пред неделниот круг повторени парламентарни избори во Македонија. Димитриј Рупел по средбата со својот домаќин Антонио Милошоски вчера имаше закажано одделни средби со шефовите „на другите партии“, од кои, како што рече, очекува позитивни разговори и на кои требаше да им пренесе позитивни пораки од Европа за очекуваниот регуларен тек на изборите. „Во тие разговори ќе можам да ги пренесам пораките од Европа. ЕУ веќе реши Македонија да стане член од Унијата. Да направите се' за да ги отстраните сите пречки кои можат да го попречат тоа“, рече словенечкиот министер.

Рупел во Скопје допатува директно од Атина каде што, како што рече, „со грчките пријатели разговаравме за проблемот кој ги оптоварува односите меѓу двете земји“. Тој изрази надеж дека има шанси за надминување на спорот, но ќе мора да се поработи. „Иако време нема, се надеваме дека во следните неколку недели ќе има напредок“.

Шефот на словенечката дипломатија дипломатски одговори на прашањето дали го смета за неуспех тоа што Македонија не доби датум за преговори со ЕУ за време на словенечкото претседателствување со Унијата. „Кога го примивме претседателството во јануари, знаевме дека е тешко да се добие датум за време на нашето претседавање, но се обидовме да се направат сите подготовки. Ќе биде успех доколку датум се добие за време на француското претседавање“, рече Рупел.

Рупел во Скопје вчера изјави дека „со големо внимание беа следени изборите и од срце им честитам на колегата Антонио Милошоски и на неговата партија за победата. Тој рече дека тоа ќе и' овозможи на владата, која и сега работи, да продолжи со реформите. Колегата Милошоски, рече Рупел, и неговата партија добија голем капитал со победата. Тој, што е вообичаена практика на таквите средби, куртоазно изјави дека Република Македонија, „односно ФИРОМ, како што некогаш ја нарекуваме“, претставува многу значаен дел од Балканот, таа е извор на стабилноста и претставува пример за мултиетничкото општество.

Министерот Милошоски немаше прецизен одговор на новинарско прашање дали вчера во Париз (каде што присуствуваше на Меѓународна конференција за Авганистан) на средбата со францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер побарал објаснување зошто Република Македонија ја нарекува „Скопје“ и каков е тој цврст француско-грчки сојуз. „Имавме малку време да ги отвориме сите прашања“, рече Милошоски и дополни дека добиле уверување и поддршка од европските министри за Македонија. „Примивме честитки и порака малите недостатоци од изборите да се надминат“, изјави шефот на македонската дипломатија. За средбата со Кушнер и со американскиот државен секретар Кондолиза Рајс, Милошоски кусо рече дека тема на разговорите биле билатералните односи и нивното унапредување и унапредувањето на процесите за евроинтеграција. Околу последната рунда преговори за разликите околу името, министерот Милошоски рече дека „Македонија е расположена да го има Нимиц за свој гостин“ и изрази надеж дека Атина нема да се противи на тоа.

Димитриј Рупел вчера беше примен од претседателот на државата, Бранко Црвеновски, од премиерот Никола Груевски, а имаше средба и со министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Гордана Јанкуловска.


Статијата е прочитана 322 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
За Клинички некој треба да одговара
Претходен број
Зденко
Прегласувањето в недела мора да биде мирно и чесно
Грците ќе го менуваат и името на лезбијките
Охридското Езеро е старо три милиони години
Истрагата за сообраќајката на Тоше, конечно, тргнува од мртва точка
Посматрач кај Нимиц
Нимиц доаѓа на Балканот да ги раздвижи преговорите
Нафтени шокови и последици
Ни ред без доверба ни доверба без ред
Завршија јубилејните „Рацинови средби“
Карикатура
Verbatim