Број 3335  сабота, 17 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Свет

Тест за демократијата на „Варшавска“ во Загреб

Загрепчани масовно излегуваат на протест поради изградбата на катна гаража на познатата улица


Повторно непријатно искуство со полицијата имаше првиот уапсен во вчерашната полициска акција, жителот на улицата „Варшавска“ , Томислав Лауц. Лауц вчера изутрина, пред 10 часот, најнормално тргнал на работа од својот стан кај Обртничкиот премин во улицата „Варшавска“ кога го запре полицијата и му го попречи преминот. „Ми ја побараа личната карта. Им ја дадов, по што ми беше одземена. Откако полицијата дозна дека и вчера бев уапсен, ми се заканија со ново апсење“, ни раскажа Лауц. Наскоро околу него се собраа поголем број претставници на медиумите. „Дури кога дојдоа медиумите ми ја вратија личната карта и полицијата ме пушти“, вели Лауц, кој е огорчен од целата приказна со улицата „Варшавска“. „Вчера изутрина полицијата прв ме приведе. Тврдеа дека сум го нарушувал јавниот ред и мир, а мене, всушност, среде ноќ ме разбуди врева од машини“, раскажува станарот на во моментов најпознатата улица во Хрватска. Лауц се симнал на улица за да види што се случува, но кратко време потоа завршил во полициско комбе. „Ова што се случува е полициска репресија. Целиот проект е спрега на политика и криминал. Вчера во ’Варшавска‘ се прекршени основните човекови права“, заклучи огорчениот Лауц.

Јелена Бикиќ од загрепската полиција за „Индекс“ изјави дека Томислав Лауц како станар на улицата „Варшавска“ не можел да добие забрана за пристап во таа улица, ниту поради поминување по неа може да биде уапсен. По вчерашното масовно апсење на „Варшавска“ граѓаните во вечерните часови почнаа спонтано да доаѓаат на улицата за таму, пред новата Хорватинчиќева ограда, да запалат свеќа за починатата демократија и опустошената „Варшавска“.

Протести беа најавени и за вчера, во 18 часот, на Иблеровиот плоштад каде што на одговорност ќе се повика СДП, која ја има власта во градот и го изгласа спорниот проект на Хорватинчиќ. Половина час подоцна демонстрантите ќе се соберат пред седиштето на ХДЗ на Плоштадот на жртвите на фашизмот. „Политиката на СДП во градот Загреб и на ХДЗ на национално ниво во изминативе години доведе до денешната ситуација на улицата ’Варшавска‘ и до парализа во функционирањето на институциите, затоа со денешниот протест сакаме да укажеме на одговорноста на овие две партии и да им упатиме барања за решавање на настанатата ситуација“, изјавија активистите.

Неколку десетици полицајци и натаму го обезбедуваат градилиштето на кое работниците почнаа со работа. Демонстранти нема. Тие прексиноќа, до 22 часот, заедно со своите адвокати на раскрсницата кај улиците„Масарикова“ и „Гундулиќева“ го блокираа сообраќајот.

„Во ’Варшавска’ уште еднаш е понижена демократијата - брутално, безобѕирно, без причина“, оценија од Зелената листа. Во соопштението истакнуваат дека се уапсени граѓани, кои мирно протестирале против узурпација на пешачката зона „која не му припаѓа ниту на архитектот Хорвантинчиќ ниту на градоначалникот Бандиќ, туку на граѓаните!“. „Беше апсурдно и гротексно да се гледа како крупни специјалци во полна воена опрема внесуваат во полициско комбе госпоѓи со ладало в раце - како да се последни криминалци“, се наведува во соопштението во кое се додава дека вчера граѓаните на „Варшавска“ го бранеа јавниот интерес, за разлика од надлежните структури „кои се хранат со парите од градската и од државната каса“.

„Додека власта (полицијата) се занимава со опасни ладала, оние вистинските криминалци со години удобно живеат во предградијата на Загреб, се перчат по Јарун, препродаваат наркотици пред училиштата, отвораат фолк-клубови и стриптиз- барови, а потоа заработените пари ги пласираат во деловно-станбени центри и стануваат угледни градежници“, истакнуваат од Зелената листа, чии десетина членови, исто така, завршија во полициско комбе. Оценуваат дека вчера беа прекршени основните граѓански права и оти била извршена репресија.

Особено се осврнуваат на забраната што ја добија уапсените за пристап кон улицата „Варшавска“. „Таа наредба, токму како и непримерната примена на сила врз мирољубиви граѓани на Загреб ја докажува видливата спрега на градските и на државните органи на власта во угодувањето на приватниот капитал од сомнително потекло“, соопштуваат од Зелената листа, па од градоначалникот Милан Бандиќ и од министерот за полиција Томислав Карамарк побараа оставка. Повикаа, како што истакнуваат, нови 150 граѓани денеска да седнат на коловозот пред „Варшавска“ „и така да ги заменат вчерашните 150, кои не ќе можат да го прават тоа во следните осум дена“. (Вјести.нет)


#
Статијата е прочитана 265 пати.

Испрати коментар

Од: skopjanka
Датум: 17.07.2010 08:11:03
Im zavoduvam na duhot na zagrepcani. Pred 2-3 meseci se dignaa poradi ograduvanje na del od plostadot sega zaradi podzemnata garaza (koja ne e cudoviste nad zemja koe stilski nema da se vklopi) i secenjeto na drvoredot. Kade sme nie ? Kade e Trajanov i negovoto zeleno Skopje koga go secea drvoredot na Ilindenska. Kade sme nie koga na sekoj cekor ni niknuvakvazi barokna frankejsatizirana arhitektura? Dali sme narod koj nisto ne go zasega ili sme tolku isplaseni sto ne smeeme ni da go iskazeme svoeto mislenje? Bravo za samosvesta na zagrebcani samo taka ke si go spasat svojot grad koj ocigledno go sakaat za razlika od nas.
Од: брамони
Датум: 17.07.2010 08:43:24
"Se e isto, samo nego go nema..." Kogo? Narodot. Zagrep;ani si go branat gradot, a kaj nas ? Malata grupa sto se pobuni za maliot ring, za sechata na Ilindenska, za ubivanjeto na kuchinjata, za tarabite na plostadot, ja narekoa, predavnici, sorosoidi, narkomani, pederi...Ne, tie shto ostanaa doma da gledaat seir na vesti se predavnici i se drugo, da ne nabrojuvam ushte, za da ne si go valkam rechnikot kako nekoi nashi "istaknati" burekdzii, megafonchinja na vlasta, otvoreni so narodot. Bravo Zagreb! Kaj vas barem narodot e svesen!
Од: Zagrepcanka
Датум: 17.07.2010 15:44:08
Vo ovie protestti i kampanja koji trajat vekje 3,5 godini se vkluceni mnogu aktivisti,hragjani,clenovi na mnogu organizacii.do sega se organizirani desetina protesti,izgraden trojanski konj,se spiese na ulica i za vecerva e zakazan nov protest

Најди! во Утрински
Свет
Запрено истекувањето нафта
Сунити убија 40 лица во џамија во Иран
Десетте најголеми новински ексклузивни стории
Старци умреа заглавени во лифт
Германија се зближува со Кина
Цената на војната во Авганистан
По поплавите тропско невреме
Британците ќе ги бројат дрвјата