По поплавите тропско невреме
ПЕКИНГ - Кина вчера подготвено го чекаше доаѓањето на тајфунот „Консон“. Надојдените реки и лизгањето на земјиштето однесоа 135 животи во Кина од почетокот на јули, а уште 41 лице се водат за исчезнати, јавија државните медиуми. Во услови кога земјата е во состојба на готовност за најголемите поплави последните години, доаѓањето на „Консон“ - што ја прекина електричната енергија и уби најмалку 37 лица на Филипини - ќе го зголеми страдањето. (Ројтерс)
|