Број 3335  сабота, 17 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Свет

Цената на војната во Авганистан

За војната во Авганистан досега се потрошени 345 милијарди долари

Барањето на американскиот претседател Барак Обама за повеќе пари за да се плати војната во Авганистан бавно го пробива својот пат низ Конгресот, додека законодавците се фокусираат на други приоритети и се справуваат со дефицитарни буџетски ресурси.

Обама побара 33 милијарди долари што ќе помогнат да се финансираат 30.000 американски војници, кои оваа година се испратени во Авганистан. Тој сака уште 4,5 милијарди долари за зајакнување на странската помош и цивилните операции во Ирак и во Авганистан оваа година; околу две милијарди долари од таа сума се издвоени за Авганистан.

Претставничкиот дом во јуни ја одобри финансиската поддршка и додаде милијарди долари за невоени трошоци, што значи дека мерката мора да се врати во Сенатот за дефинитивно одобрување. Законодавците се очекува да ги изгласаат финансиските средства, но, исто така, бараат гаранција дека владата на претседателот Хамид Карзаи ќе се справи со корупцијата, за да се осигура дека доларите на американските даночни обврзници нема залудно да бидат потрошени.

Конгресот досега одобри 345 милијарди долари за војната во Авганистан, кој САД го нападнаа во борбата против Ал Каеда и соборувањето на талибанците по 11-септемвриските напади во 2001 година. Непристрасната Конгресна буџетска канцеларија (ЦБО), која ги обелодени бројките, соопшти дека околу 22 милијарди долари се доделени за активности поврзани со војната во Авганистан во други земји.

Околу 708 милијарди долари досега се испратени за Ирак, открива ЦБО. Но, Авганистан стана поскап фронт, додека темпото на американските операции е забавено во Ирак, а забрзано во Авганистан. Тековната фискална година, која завршува на 30 септември, е прва во која повеќе пари се пренасочени кон Авганистан (72,3 милијарди долари) отколку во Ирак (64,5 милијарди долари), според проектот за национални приоритети, непристрасна група за истражување на буџетот.

Процените за трошоците по војник, по година, во Авганистан варира од 500.000 долари до еден милион, во зависност од тоа дали трошоците за сместување и опрема се вклучени, заедно со платите, храната и горивото. Трошоците за лекување и за обесштетување на ветераните се зголемуваат како што одминува времето. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 460 пати.

Испрати коментар

Од: SARPLANINAC
Датум: 17.07.2010 04:37:09
Pred edna nedela procitav vo svite makedonski vesnici za ispracaneto na makedonski vojnici vo AVGANISTAN VO MIROVNA MISIJA .Asega citam vo ovaja kolumu i avtorot pisuva KOGA amerikancite go NAPADNAA AVGANISTAN .Pa se prasuvam dali makedonskite vojnici isto kako i amerikanskite vojnici i nivnite SLUGI se vo MIROVNA MISIJA ili se IMPERIJALISTICKI OKUPATORI koi CENATA SKAPO JA PLACAAT ne samo so dolari tuku i so ZIVOTI od mladi i nevini dusi.

Најди! во Утрински
Свет
Запрено истекувањето нафта
Сунити убија 40 лица во џамија во Иран
Десетте најголеми новински ексклузивни стории
Старци умреа заглавени во лифт
Германија се зближува со Кина
Тест за демократијата на „Варшавска“ во Загреб
По поплавите тропско невреме
Британците ќе ги бројат дрвјата