Запрено истекувањето нафта
Изворот е затворен со чеп, но се потребни 24 часа за да се види дали ќе биде успешно
„Бритиш петролеум“ соопшти дека привремено го запре истекувањето нафта во Мексиканскиот Залив од оштетениот извор. Ова е првпат да се запре истекувањето, откако на 20 април се случи експлозијата на „Дипвотер хорајзон“. Изворот е затворен со чеп како дел од тестот за неговиот интегритет, кој би можел да трае до 48 часа.
Американскиот претседател Барак Обама изјави дека развојот на настаните е „позитивен знак“, но забележа дека БП се' уште е во фаза на тестирање. Извршниот директор на БП, Кент Велс, изјави дека истекувањето нафта е запрено во 14.25 часот по локално време и дека е „возбуден“ од напредокот. „Многу добро е да се види дека повеќе не истекува нафта во Мексиканскиот Залив“, изјави Велс.
Цената на акциите на БП во четвртокот забележаа зголемување на Берзата во Њујорк по запирањето на истекувањето, откако веќе бележеше добри резултати во текот на денот. Меѓутоа, БП нагласува дека ако во следните 48 часа не истече нафта, тоа нема да значи дека истекувањето нафта и гас е трајно запрено. Главниот оперативец на БП, Даг Сатлс, нагласува дека се' уште нема причина за „прослава“, особено за оние во областите кои веќе се погодени од нафтата. „Работата не е завршена“, изјави тој.
Тестот на притисокот е неопходен за да се провери јачината на изворот. Ако притисокот во чепот на врвот е низок тоа би можело да индицира дека нафта и натаму истекува од изворот. Ако притисокот остане висок, БП и владата ќе треба да одлучат дали да се обидат да го држат затворен изворот или да го остават отворен и да ја испумпуваат нафтата до четирите брода на површината.
Првиот човек на операциите за справување со истекувањето, адмиралот Тад Ален, изјави дека дури и ако ова е успешно, изворот повторно ќе биде отворен и ќе се рестартира вадењето нафта со помош на бродовите на површината, додека се спроведуваат сеизмичките тестови. „Потоа може повторно да го ставиме системот под притисок. Откако ќе се увериме, сигурно може да ја разгледуваме можноста за затворање на изворот, тоа секогаш е можно и ние секако ќе се обидеме да го направиме тоа“. Меѓутоа, тој нагласи дека опцијата за затворање на изворот, затворање на сите вентили и стопирање на и��текувањето, е „споредно олеснување“ за новиот чеп.
По три месеци од почетокот на оваа криза и по толку многу неуспешни обиди, луѓето се многу скептични. Истовремено, расположението е значително подобрено, бидејќи ова истекување на нафта имаше умртувачки психолошки ефект врз заливското крајбрежје. Долгорочен план и натаму останува да се ископа помошен бунар, кој ќе го пресретне оштетениот. Луѓето само што го напуштија ова крајбрежје, особено туристите, бидејќи не сакаат да го преземат ризикот одморот да им биде уништен од нафтата. Ова би можело да тргне на лошо. Само неколку часа го спроведуваме овој тест. Приоритетот секогаш беше да се зголеми количеството нафта што се собира и се испумпува на површината, посочи тој.
Без разлика што и да се случи, ова ќе биде привремено решение, пред да се искористи помошниот извор за трајно да се затвори првичниот извор со кал и цемент. Тестот со притисокот ќе обезбеди корисни информации за таа операција. Работата на двата помошни извора во моментот е суспендирана поради тестот за интегритет. Еден од помошните извори е на 1,2 - 1,5 метри хоризонтално и 30 метри вертикално од пресекот. Тестот за притисокот во два наврати беше одложен пред неговото спроведување во четвртокот, еднаш додека се спроведуваа дополнителни проверки за да се намалат стравувањата дека би можел да го влоши истекувањето, а во средата поради пукнат дел од опрема.
Во меѓувреме, БП продолжува да се соочува со политички притисок во САД. Конгресниот комитет донесе мерки кои би и' се забраниле на компанијата нови крајбрежни дупчења во следните седум години. |