Број 3335  сабота, 17 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Свет

Германија се зближува со Кина

Берлин сака да ги постави на сосема нова основа односите со Пекинг

„Качени сме на ист брод“ - со овие зборови вчера кинескиот премиер Вен Џијабао ја испрати својата гостинка од Германија, канцеларката Ангела Меркел.

Таа вели дека Берлин сака да ги постави на сосема нова основа односите со Пекинг.

По средбата на Меркел и Вен е продуцирано коминике од 28 точки, кое предвидува потесна соработка во сферата на политиката, посебно политиката на заштита на животната средина, како и во економијата, културата и во општествените дејности. Голем дел од тоа останува на ниво на изјави за намери, но се демонстрира волја за поголема соработка. Шефовите на владите на двете земји имаат намера да одржуваат консултации еднаш годишно. „Кинеско-германските односи ги надминаа проблемите што произлегоа од меѓународната финансиска криза“, оцени Вен. Германската канцеларка, која денеска водеше разговори и со кинескиот претседател Ху Џинтао, во 2007 година го налути кинеското раководство поради тоа што го прими духовниот лидер на Тибет, Далај-лама. Сега во коминикето се вели: „Германската страна го потврдува својот став за политика на една Кина и своето почитување на територијалниот интегритет на Кина“. Се чини дека со тоа тензиите се симнати од дневен ред.

Додека во Големата народна хала ќе се потенцира пријателството меѓу Кина и Германија, добрата соработка и заедничките, пред се', економски, интереси, многу луѓе на улиците на Пекинг не знаат точно која е гостинката од Германија. Постојано се слуша „бу зедао“,во превод „немам поим“. Немам поим вели и овој млад човек. „Шеф на владата во Германија е жена, нели? Не се викаше Шнајдер или Лаура?“

За среќа, Светското фудбалско првенство не е толку далеку, па некои граѓани се сеќаваат на жената во црвен костум, која беше на стадионот кога Германија ја победи Аргентина со 4:0: „Тоа е жената, и' го заборавив името, но ја видов на трибините на натпреварот на Светското првенство. За неа не знам ништо, но ја бодреше германската репрезентација“, вели една службеничка.

Младата германската репрезентација им донесе на Германците многу симпатии и во Кина и се чини тие симпатии преминуваат и на Меркел. Кога се зборува за Германија се мисли, пред се', на автомобили и на пиво, но на оние граѓани на Пекинг, кои барем го знаат името на канцеларката, напамет им паѓаат уште куп пофалби. Една пензионерка вели: „Таа е наш извонреден претставник, претставник на другарките. Ние и' се восхитуваме од се' срце“.

Друг вака го анализира успехот на Меркел: „Имам многу добар впечаток за неа, изгледа многу природно и блиску до граѓаните. Затоа сите ја сакаат и затоа добива толку многу поддршка“.

На Меркел во Пекинг не и' е простено само едно - средбата со Далај-лама пред три години. И овој пензионер не може да мине преку тоа: „Меркел не чини, таа се сретна со Далај-лама, па оттука - таа е против Кина“.

Во Големата народна хала, каде што канцеларката се среќава со кинеското раководство тоа сигурно нема да биде така остро формулирано. Таму се зборува и се пристапува многу подипломатски. Конечно, Меркел, во меѓувреме, важи за пријателка на Кина. Народот може да мисли што сака. (Дојче веле)


#
Статијата е прочитана 326 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 17.07.2010 10:47:26
Germanija i Kina se mnogu od poodamna bliski. Cela masinska tehnologija vo Kina e Germanska.

Најди! во Утрински
Свет
Запрено истекувањето нафта
Сунити убија 40 лица во џамија во Иран
Десетте најголеми новински ексклузивни стории
Старци умреа заглавени во лифт
Тест за демократијата на „Варшавска“ во Загреб
Цената на војната во Авганистан
По поплавите тропско невреме
Британците ќе ги бројат дрвјата