Број 3432  понеделник, 15 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Свет

Аунг Санг Су Кји допре до јавноста

ЈАНГОН - Бурманската продемократска лидерка Аунг Санг Су Кји упати апел до илјадници свои симпатизери да не се откажат од надежта, еден ден по ослободувањето од домашниот притвор. "Нема причина да се загуби надежта", рече таа пред толпата народ собрана пред штабот на нејзината политичка партија во Рангун. Су Кји беше ослободена од армијата кога во саботата и заврши нејзината казна.

Светските лидери и групи за човекови права го поздравија нејзиното ослободување. Таа мина 15 од последниве 21 година или во домашен притвор или во затвор. Американскиот претседател Барак Обама го поздрави нејзиното ослободување како "многу задоцнето" додека, пак, генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, рече дека Су Кји била "инспирација" и апелираше до Бурма да ги ослободи 2.200 политички затвореници.

Аунг Санг Су Кји требаше да се пробие низ мноштвото среќни симпатизери за да стигне до подиумот каде требаше да одржи говор. Илјадници лица се собраа за да ја слушнат. Зборовите на Су Кји беа одмерени и внимателни, бидејќи беше свесна дека воените лидери кои владеат со оваа земја ќе го следат секој нејзин потег и таа беше внимателна да не ги испровоцира.

Нејзиното ослободување се случи шест дена откако во Бурма беа одржани првите избори по 20 години, на кои победи најголемата партија поддржана од армијата, Унија за солидарност и развој (УСДП), но во голема мера беа оценети како фарса. Сега распуштената Национална лига за демократија (НЛД) на Су Кји победи на последните избори во 1990 година, но никогаш не и' беше дозволено да ја преземе власта. Таа оттогаш речиси постојано беше или во домашен притвор или во затвор. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 409 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Падна, па остана владата во Франција
Златен прстен за македонска телевизија во Врбник
Во Мека пристигнаа 2,5 милиони за светиот хаџ
Запад не може да ја победи Ал Каеда
Србија и Хрватска имаат отворени прашања
Протести на здружената опозиција против Бериша
 


Moldovan president rejects treaty with Romania as 'illegal'
Balkans must fight harder against organised crime, says EU
New Hungarian media law proves controversial