Во Мека пристигнаа 2,5 милиони за светиот хаџ
МЕКА - Најмалку 2,5 милиони муслимани вчера го почнаа годишниот хаџ аџилак, упатувајќи се во привремениот камп во близина на светиот град Мека за да ја реконструираат маршрутата што ја одел пророкот Мухамед пред 14 века. Патувајќи пеш, со јавен транспорт и во приватни автомобили, верниците ќе се упатат преку планинскиот премин до долината Мина, на околу 3 километри надвор од Мека. Тоа е истиот пат по кој и самиот пророк го одел на својот последен аџилак. Хаџ, едно од најголемите покажувања на огромна религиозна посветеност во светот, трае пет дена. Во минатото тој беше засенуван од пожари, уривање хотели, судири на полицијата со демонстранти и крвави стампеда.
Саудискиот министер за внатрешни работи принцот, Најеф, во средата изјави дека кралството не може да ја отфрли можноста за напад од регионалното крило на Ал Каеда, иако безбедносните сили на кралството се подготвени да одговорат на секоја таква операција. Ал Каеда на Арапскиот Полуостров вчера негираше дека има какви било намери за напад врз муслимански верници на хаџ. (Ројтерс) |