Број 3432  понеделник, 15 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Свет

Србија и Хрватска имаат отворени прашања

Нови Сад - Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ изјави дека Србија и Хрватска имаат повеќе отворени прашања, од кои некои не се лесни, истакнувајќи оти должност на оваа генерација политичари е да не ги остави на наредната, туку да ги реши.

Тој како нерешени прашања ги наведе границата, проблемот со исчезнатите, враќањето на одземеното културно богатство, сукцесијата, враќањето на бегалците и различните имотни прашања.

Во интервју за новосадски „Дневник“, Јосиповиќ вели дека директните двострани преговори се секогаш подобри како решение кај деликатните прашања, како што се дефинирање на границата, односно разграничувањето меѓу двете држави.

Тој смета дека повлекувањето на тужбите на Хрватска и на Србија пред Меѓународниот суд на правдата е во надлежност на владите, но оти нема дилеми дека тие ги оптоваруваат односите меѓу двете земји.

„Мојот став е дека тужбите се непотребни доколку дојдеме до договори со кои би се отстраниле причините за нивното постоење“, истакна Јосиповиќ.


#
Статијата е прочитана 648 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Падна, па остана владата во Франција
Златен прстен за македонска телевизија во Врбник
Во Мека пристигнаа 2,5 милиони за светиот хаџ
Запад не може да ја победи Ал Каеда
Аунг Санг Су Кји допре до јавноста
Протести на здружената опозиција против Бериша






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry