Запад не може да ја победи Ал Каеда
Mожат да се сопр��т, но не и да се поразат милитантните групи
Авганистан изјави дека исламистичката борбеност ќе претставува закана за Велика Британија најмалку уште 30 години.Запад може само да ги сопре, но не и да ги порази милитантните групи како Ал Каеда, изјави првиот човек на британските вооружени сили. Генералот сер Дејвид Ричардс, поранешен командант на НАТО во Авганистан изјави дека исламистичката борбеност ќе претставува закана за Велика Британија најмалку уште 30 години. Но, тој за весникот "Сандеј телеграф" изјави дека очигледна победа над милитантите не е возможна.
Дописникот на Би-Би-Си јави дека коментарите рефлектираат "нов реализам" во британските и американските антитерористички кругови. Уште додава дека таквото признание пред пет години би се сметало за скандалозно и малодушно.
Генералот Ричардс (58) минатиот месец ја презеде командата на одбранбените сили, по смената како командант на британската армија. Тој треба да положи венец на Кенотаф во Лондон како дел од одбележувањето на годишнината од завршувањето на Првата светска војна, во неделата најблизу до 11 ноември. Во интервјуто за "Сандеј телеграф" генералот Ричардс изрази увереност дека Ал Каеда не може да биде сопрена до таа мера што Британците би можеле да водат безбеден живот. "Пред се' треба да прашате: дали треба да ја поразиме (исламистичката борбеност) во смисла на очигледна победа? Би рекол дека тоа е непотребно и никогаш нема да биде постигнато".
Генерал Ричардс уште додаде: "Но, ние може да ги сопреме до таа мера што нашите животи и животите на нашите деца ќе бидат безбедни? Мислам дека тоа може да го постигнеме". Тој рече дека најдобро оружје во битката против Ал Каеда е употребата на "низводна превенција" и промоција на "образование и демократија". Тој направи споредби меѓу "опасната идеологија" на исламистичките милитанти и онаа на нацистичка Германија.
Генерал Ричардс, исто така, призна дека авганистанскиот народ почнува да "се заморува" од неспособноста на НАТО да ги исполни своите ветувања дадени за земјата. Британијаод 2001 година загуби 343 војници во Авганистан, но генерал Ричардс изјави дека нивната жртва не била попуста. (Би-Би-Си)
] |