Стипендии за талентирани ученици
Општина Илинден издвои 50.000 денари за да им додели стипендии на четиринаесет талентирани ученици и спортисти. Општината има цел да го помага и да го стимулира напредокот на младите како во образовниот процес, така и во спортот. Со стипендии се стекнаа 10 талентирани спортисти од подрачјето на Општина Илинден, како и четворица од основното образование, на кои поединечно им се доделени финансиски средства во висина од 3.500 денари. Парите лично им ги додели градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.
Средствата за стипендии се издвоени од буџетот на Општина Илинден. (Сн.К.) |