Пожарникарите добија нови возила и лична опрема
Противпожарната бригада се поднови со три противпожарни возила и лична опрема за пожарникарите по европски стандарди. Донацијата им беше доделена по повод -Денот на пожарникарството - 20 мај.
Бригадата ги доби возилата како подарок од Владата, личната опрема е обезбедена од неколку збратимени градови на Град Скопје, а најавено е дека наскоро и Градот ќе купи уште едно возило, два чамца и опрема за пожарникарите. Тие го одбележаа празникот со тактичко-показна вежба со опремата за технички интервенции во кругот на бригадата во Автокоманда. (Дс.Т.) |