„Стоун бриџ“ ќе гради хотел во Аеродром
Компанијата „Стоун бриџ“ ќе гради хотел во Аеродром по должината на кејот на Вардар во близина на мостот „Близнак“. Компанијата стана сопственик на наменското земјиште на лицитација на која за парцелата од 5.175 квадратни метри понуди речиси половина милион евра.
„Стоун бриџ“ има обврска во рок од 15 дена да ги уплати парите по што ќе биде потпишан купопродажниот договор. Девет месеци потоа пак има рок да ја обезбеди градежната дозвола и согласно со законските рокови да го изгради предвидениот објект. Доколку компанијата не исполни еден од овие услови, Министерството за транспорт и врски ќе ја врати парцелата во своја сопственост. (Дс.Т.) |