Се чистат каналите во Идризово
Општина Гази Баба започна да ги чисти секундарните и терцијалните канали во населеното место Идризово. Акцијата ја реализира во соработка со Водостопанство „Скопско Поле“. За чистење на бујната вегетација и на сето она што е фрлено во нea, ангажирана е и соодветна механизација. Веднаш потоа под премините преку каналите за изготвување на пропустите ќе бидат поставени цевки со големина фи 400 и фи 800. Цевките ги обезбеди Општина Гази Баба. Штом ќе завршат активностите со расчистувањето на каналите во Идризово, тие ќе продолжат и во останатите населени места. (Сн.К.) |