Број 2871  четврток, 25 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
На прво место

Инспекцијата не најде диво увезени вакцини

Во Детската клиника не се затечени вакцини од Грција и затоа инспекцијата не може да преземе нешто

Јасмина Јовановска

По вчерашното обелоденување на случајот за вакцинирање бебиња со диво увезени вакцини од Грција, Санитарната инспекција направи контрола на Клиниката за детски болести. Инспекторите при контролата на фрижидерите не затекнале петвалентни или шествалетни вакцини кои ги нема регуларно во државата, а кои родителите по сугестија на одредени лекари од Детската клиника ги набавувале во Солун, бидејќи се почисти и помалку ќе се боцкаат бебињата. Вонредната инспекција, која била извршена на Детската клиника без најава, како што ни рече главниот здравствен-санитарен инспектор, д-р Вера Менкова, нашла само од вакцините кои редовно ги набавува Министерството за здравство. Резултатите од контролата и не зачудуваат, бидејќи родителите откако ќе ги купат вакцините во Солун, ги чуваат во своите домови, додека не дојде денот за нивна апликација.

Но, д-р Менкова вели дека се немоќни, ако не откријат ништо не можат и нешто да преземат, освен евентуално ако самите родители не пријават во инспекцијата. „Доколку целата работа се прави со поддршка на одредени лекари, нека им е на чест“, вели д-р Менкова, која укажува дека не треба да се залажуваат родителите, бидејќи вакцините што се даваат во нашите здравствени установи се исто толку квалитетни, како и грчките. Со вакцини за кои никој не гарантира безбеден транспорт, туку само родителите, децата се доведуваат во ризик, укажува главниот инспектор д-р Менкова.

„Никој не може да тврди дали или не е прекинат ладниот синџир на транспортот, што е најбитен за вакцината“, вели д-р Менкова, а со тоа не може со сигурност да се тврди колку е ефикасна вакцината. „Секоја грешка со вакцината, кога и да е, ќе се појави на виделина“, смета д-р Менкова.

Стручњаците предупредуваат дека вакцинирањето со несоодветно транспортирани вакцини може да биде џабе, односно вакцините да не ги штитат од болестите против кои им се дадени, или пак побурно да реагираат со температура, оток на месото на боцкање, како и грчеви.

И покрај тоа што на Детската клиника ништо не е откриено, од Санитарната инспекција велат дека на директорот му е укажано за ваквата практика и во иднина да се внимава.

Практиката на лекарите да ги советуваат родителите да купуваат вакцини од Грција, како што дознаваме неофицијално, се спроведувала и во некои приватни родилишта.


Статијата е прочитана 115 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Изборите на 22 или на 29 март
Локалните избори во сенка на претседателските
Буџетот останува во истите рамки
Ќе доцнат ли декемвриските пензии?