Број 2871  четврток, 25 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
На прво место

Изборите на 22 или на 29 март

Велјаноски ќе ги закаже веднаш штом ќе бидат усвоени уставните измени за цензусот за избор на претседател

Оливера Војновска

Претседателските и локалните избори ќе се одржат на 22 или на 29 март идната година, а претседателот на Собранието, Трајко Велјаноски, ќе ги закаже веднаш што ќе бидат усвоени уставните измени за намалување на цензусот во вториот круг од претседателските избори. Седницата за овие шести по ред измени на Уставот е закажана за 9 јануари.

Спикерот Велјаноски на неформална средба со новинарите рече дека планира да ги свика изборите во последната или претпоследната недела од март. Тој најави дека претходно за ова ќе направи консултации со пратеничките групи. Собранието ќе заседава до средината на февруари, а во периодот на изборите нема да има пленарни седници. Велјаноски лично преферира изборите да бидат на 22 март за побрзо да заврши целата изборна приказна и институциите да продолжат да функционираат нормално.

Двата термина се прифатливи и за власта и за опозицијата, тие велат дека нема суштинска разлика дали гласањето ќе биде една недела порано или подоцна. Датумот на изборите начелно беше договорен на лидерските средби, а во новиот Изборен законик е наведено дека тие ќе се одржат на крајот на март.

Дотогаш има повеќе од три месеци, официјалниот старт на кампањата е 20 дена пред денот на одржување на изборите, но партиите одамна ја пуштија пропагандната машинерија. Во тоа е неприкосновена владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Портпаролката на ДУИ, пратеничката Ермира Мехмети, вели дека клучното прашање не е кога ќе бидат изборите, туку какви ќе бидат. „Немаме забелешка во однос на точниот датум на гласањето. Најважно е во целиот период пред започнувањето на кампањата да бидат завршени сите подготовки за да имаме беспрекорен и целосно демократски изборен процес“, изјави Мехмети. Таа вели дека уставно и законско право е претседателот на Собранието да го определи терминот и да ги распише изборите.

„За време на преговорите за Изборниот законик, 29 март беше споменуван како можен датум на изборите најмногу поради подготовките на изборите, роковите што треба да ги испочитува ДИК. Но, доколку тој смета дека треба да се оди на избори на 22 март, ние сме подготвени“, ни рече шефицата на пратеничката група на СДСМ, Цветанка Иванова.

Според Иванова, социјалдемократите се подготвуваат за избори како и сите останати партии, но тие не ја почнале кампањата. Таа тврди дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ е целосно влезена во изборниот филм. „Власта комплетно со целата машинерија е во кампања, буквално целиот политички естаблишмент е на терен“, вели Иванова. Пратеничката од ЛДП, Роза Топузова-Каревска, вели дека либералдемократите се подготвуваат за избори, иако за разлика од поголемите партии се' уште не ја почнале кампањата.


Статијата е прочитана 412 пати.

Испрати коментар

Од: Iko
Датум: 25.12.2008 08:52:47
VMRO-DPMNE, odnosno vlasta bile celosno vlezeni vo kampanja... A sto se B. Crvenkovski i Z. Zaev, ako ne se vlast??? I sto drugo pravat osven kampanja? Pa licetyo B.C e vo kampanja za negovata SDS veke 4 i pol godini.
Од: зоран87
Датум: 25.12.2008 10:56:44
да биде трагедијата поголема не е само опозицијата и претседателот во предизборна кампања.Со последните контрадикторни одлуки на нивна страна очигледно се вклучува и уставниот суд кој прави очајнички обиди да ги руши сите добри чекори на владата за сметка на добивање политички поени за опозицијата.
Од: done
Датум: 25.12.2008 15:37:05
eden den da bidat porano izborite mnogu znaci.Sto poskoro se trgne B.C. toa e podobro za drzavata.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Локалните избори во сенка на претседателските
Буџетот останува во истите рамки
Инспекцијата не најде диво увезени вакцини
Ќе доцнат ли декемвриските пензии?