Мел Гибсон
Бившата жена застана во негова одбрана
Робин Гибсон (49), бивша сопруга на Мел Гибсон (54), сведочеше во негова корист. Мајката на неговите седум деца, која минатата година ја остави за пејачката Оксана Григориева (48), сепак, одлучи да застане во негова одбрана и на судот се заколна дека во текот на 28-годишниот брак никогаш физички не ја малтретирал, а не го правел тоа ниту врз нивните деца. Тоа, очигледно, остави особено позитивен впечаток врз судијата Скот Гордон, специјализиран за случаи на семејно насилство, па му дозволи на познатиот актер и режисер да продолжи да се гледа со својата ќерка Лусија, која ја доби во врската со Оксана. Имаше наводи дека пејачката од него бара повеќе од 10 милиони долари како гаранција дека повеќе нема да ги шири нивните приватни телефонски разговори.
Инаку, Оксана го обвини Гибсон дека и' се заканувал со пиштол откако по нивните караници сакала да побегне од куќата, па актерот доби судски налог во рок од 24 часа да го предаде сето огнено оружје што е во негова сопственост. Исто така, таа приложи и фотографија со скршен заб, која би сведочела за неговото физичко малтретирање. И додека Мел тврди дека неговата бивша љубовница има голема имагинација и дека фотографиите се дигитално изработен фалсификат, екссопругата Робин му даде целосна поддршка. |