Витни Хјустон
Лажела за чистењето од дрога
Марлон Дејвид, близок пријател на поп-дивата Витни Хјустон, шокиран е со нејзиниот начин на живот и во очај се обрати на медиумите. „Витни е движечки мртовец! Со количините на дрога, кои моментално ги купува таа, нема уште долго да живее. Ќе биде мртва за неколку месеци“, откри нејзиниот близок пријател за „Нешнел енквајр“.
Според многуте сведоци, конроверзната ѕвезда неделно троши по 6.300 долари на дрога, а во јуни, додека беше на турнеја низ Европа, набавила кокаин вреден шест илјади долари. Марлон откри дека Витни има пријател -дилер на кокаин во Швајцарија. Човекот, кој бил сведок на еден договор за дрога, кажа дека Витни е сосема надвор од контрола и дека воопшто не е „чиста“, како што самата тврдеше за време на интервјуто кај Опра Винфри.
„Дури и за време на интервјуто беше прилично издрогирана“, тврди блискиот извор. Витни најмалку двапати беше на терапии за одвикнување, а за тоа време во просек трошела 6-7 илјади долари на дрога. |