Број 3338  среда, 21 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Забава

Денес една фризура, утре друга

Жените меѓу 13. и 65. роденден менуваат 104 различни фризури во животот

Потстрижување тука, неколку локни таму, малку перчиња со боја на мед за летото. И тоа само за почетници. Просечната жена ја потстрижува и ја менува фризурата неверојатни 104 пати во животот. На возраст меѓу 13 и 65 години, нејзината коса ќе биде надградена, скусена или обоена најмалку двапати годишно.

Освен принцезата Ана, секако. Единствената ќерка на кралицата ја има истата фризура речиси 40 години и не покажува интерес за ниту најмала промена. А во земјата на просечните девојките експериментираат со боите. Повеќето жени ќе пробаат најмалку три нијанси со текот на годините - темнокафеавата е најпопуларна - а во некоја фаза ќе се појават со долга коса со кркми (повеќе од две третини од жените го пробуваат овој изглед најмалку еднаш).

Познатите личности, како што е Викторија Бекам, која открива нов имиџ на неколку месеци, може, исто така, да се сметаат донекаде заслужни за наклонетоста на жените да губат време со нивниот изглед. Госпоѓа Бекам е камелеон за фризури, а нејзината коса била и долга и куса и ги имала сите форми. Всушност, на 36 години таа, веројатно, веќе ја постигнала својата квота од 104 стила на косата.

Но, главната причина зошто една дама дозволува нејзиниот фризер слободно да работи е токму следењето на модните трендови. Следната најчеста причина е крајот на една врска, време на нови почетоци и желбата за сосема нов изглед.

Увидот во психологијата на фризерскиот салон е резултат на испитувањето што го направи фризерот Ендру Колинџ. „Жените секогаш ја користеле својата коса како начин да го сменат изгледот, бидејќи тоа често има најголемо визуелно влијание“, вели тој.

Меѓутоа, Колинџ укажува дека наместо драстични промени, повеќето жени ја менуваат фризурата „малку и често“. „Може да се добие модерна структура без да се менува должината, само со додавање на некои перчиња или со различно фенирање и обликување - помислете на Џенифер Анистон“, додава тој. „Со помош и совет од фризерот, тие прават помали промени на стилот, што веќе им одговара - така достигнуваат речиси сто фризури“. Колинџ додава дека модата и популарните трендови играат голема улога за изгледот за кој сонуваат жените.

„Во моите салони доаѓаат жени со фотографии за најновиот изглед, кои ги инспирираат“, вели фризерот Колинџ. Испитувањето, спроведено кај три илјади жени, покажа дека 44 отсто ги менуваат стилот или бојата на косата едноставно поради тоа што им било здодевно, додека 61 отсто се изјасниле дека „едноставно сакале промена“. Други 25 отсто посетуваат фризери сакајќи „одново да се откријат“, додека 38 отсто сметаат дека тоа ќе ги направи да се чувствуваат посигурно. Како причини наведени за промена се важен роденден, добивање бебе или одбележување на крајот на една врска.

Покрај тоа, 17 отсто од жените признаваат дека трчаат во фризерски салон во вонредни ситуации, кога ќе ги забележат првите перчиња побелена коса.

Секако, со оглед на бројката од 104 фризури, има и некои што жалат. Всушност, три четвртини од жените се изјасниле дека се премислиле за најмалку една од своите промени на косата. Стилот на кој најмногу се враќаат, сепак, е долгата коса со кркми, по која следуваат кратката коса и долгите перчиња. Иако се смета дека русокосите повеќе се забавуваат, најбарана нијанса е онаа на бринетите. (Дејли меил)

Десет најпопуларни фризури

1. Долга коса со кркми

2. Кратка коса

3. Долги перчиња

4. Кратка коса со кркми

5. Кратки перчиња

6. Долги надградби

7. Долги локни/ондулации

8. Кратки надградби

9. Трајна ондулација

10. Кратки локни/ондулации


Пет најпопуларни бои на коса

1. Темнокафеава

2. Темна, медово руса

3. Светлокафеава

4. Махагони

5. Светла, платинесто руса


#
Статијата е прочитана 740 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Бившата жена застана во негова одбрана
Кога сончањето станува штетно
Лажела за чистењето од дрога
Лековите за плодност не го зголемуваат ризикот од рак на јајчници
Конечно, без брада
Фустани од кондоми
Промена на кариерата
Се' уште фасциниран од голите женски тела