Број 3338  среда, 21 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Забава

Лековите за плодност не го зголемуваат ризикот од рак на јајчници

Најновата студија на дански истражувачи ги смирува жените

Жените што користат лекови за плодност немаат зголемен ризик за појава на рак на јајчници, покажува големата студија на дански истражувачи. Во тек се дебати дали лековите за плодност ја зголемуваат веројатноста за рак на јајчниците. Претходните студии дадоа контрадикторни податоци, а загриженоста и натаму е присутна, особено кај жените што минуваат низ неколку циклуси на лекување за плодност или оние што никогаш не останале бремени.

Во најновата студија истражувачите од Данското здружение за борба против ракот ги анализираа податоците од 54.362 жени што се упатиле на клиниката за плодност во периодот меѓу 1963 и 1998 година. Од нив, кај 156 се развил рак на јајчници. Истражувачите ги приспособуваат податоците според неколку ризик-фактори, а потоа го проценуваат ефектот на четири групи лекови за плодност во просечен период од 16 години.

Студијата не покажа севкупен зголемен ризик за рак на јајчници по употребата на некој лек за плодност. Покрај тоа, не е утврден зголемен ризик кај жените што имале 10 или повеќе циклуси на лекување за плодност или кај жените што никогаш не останале бремени.

Многу од жените опфатени во студијата не ја достигнале максималната возраст за рак на јајчниците, па затоа истражувачите планираат да продолжат да го следат ризикот кај нив. Пенелоп Веб, истражувач од Институтот за медицински истражувања Квинсленд од Австралија, истакна дека податоците се уверувачки и нудат уште еден доказ дека употребата на лекови за плодност не го зголемува ризикот од рак на јајчници.

(Хелтдејл њуз)


#
Статијата е прочитана 293 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Бившата жена застана во негова одбрана
Кога сончањето станува штетно
Лажела за чистењето од дрога
Конечно, без брада
Денес една фризура, утре друга
Фустани од кондоми
Промена на кариерата
Се' уште фасциниран од голите женски тела