Број 3338  среда, 21 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Забава

Здравје

Кога сончањето станува штетно

Изложувањето на сонЧевите зраци во мали дози може да помогне во одржувањето на здравЈето, но во големи дози може и да го уништи

За многумина летото значи повеќе време минато на отворено, а помалку загубено во облекување и соблекување на повеќе слоеви облека. Тоа значи повеќе време за кожата да е изложена на ултравиолетови зраци, единствена најголема причина за нејзино оштетување и за добивање канцер.

И покрај се' поснабдениот пазар со лосиони за сончање, како и кампањата на дерматолозите што датира од 1983 година, милиони Американци продолжуваат да ги искористуваат сончевите зраци, кои во мали дози може да помогнат за одржување на здравјето, додека, пак, во големи дози може да го уништат.

Дерматолозите, чии приходи се зголемија од последиците од УВ-зрачењето, сепак, изразуваат голема фрустрација во однос на нивната навидум неспособност да го спречат ваквото однесување, особено меѓу адолесцентите и тинејџерите, кои се најризична група за болни ефекти од овие зраци, кои во поинаков случај даруваат живот.

Има многу објаснувања за овој проблем, вклучувајќи го и распространетото верување дека луѓето изгледаат подобро кога се исончани. Ова мислење помогна да се унапреди индустријата на сончање во затворени простории, вредна неколку милијарди долари. Меѓутоа, во последниве неколку години се појави друго објаснување, за кое сега постои забележителна научна поддршка: изложувањето на кожата на УВ-радијација има зависнички потенцијал. Како што е случајот и со алкохолот, не сите кои се изложени на овој порок стануваат зависни од сонцето.



ВО САД 3,5 МИЛИОНИ СЛУЧАИ НА РАК НА КОЖА Кога д-р Ричард Вагнер помладиот, дерматолог на медицинскиот оддел на Универзитетот Тексас во Галвестон, пред пет години обелодени дека околу половина од локалните посетители на плажите исполнуваат психијатриска дефиниција за зависност од некоја супстанција, доби електронска порака од маж кој живее во Канада и кој се опиша себеси како „постер-момче за неговата студија“. Човекот рече дека патувал низ цел свет за да го одржи својот тен и оти, и покрај сознанието дека може да добие рак на кожата, не можел да престане.

Д-р Робин Хорнунг и Солмаз Пурсатар, од Универзитетот Вашингтон во Сиетл, напишаа дека континуираното намерно изложување на познат агенс кој предизвикува рак, сугерира дека многу фактори, покрај незнаењето, ги тераат лицата да се сончаат. Иако многумина велат дека исончаниот изглед е нивната најсилна мотивација за употреба на солариуми „корисниците на овие услуги, исто така, ги посочуваа�� и подобрувањето на расположението, релаксацијата и социјализацијата“ како нивни причини. Па, така продолжува да се зголемува бројот на случаи на заболување од рак на кожата, вклучувајќи го и потенцијално фаталниот меланом. Оваа година има 3,5 милиони нови случаи на површен, но често изобличувачки канцер на кожата, а се проценува дека 68.720 меланоми ќе бидат дијагностицирани меѓу Американците.

Многумина мислат дека сончањето ги штити со тоа што им помага да се блокираат штетните ефекти од УВ-зрачењето. Всушност, исончаноста претставува оштетување на кожата. Дури и краткото изложување на УВ- светлина може да предизвика мутации во ДНК на ќелиите на кожата, вклучувајќи и меланоците, ќелија-домаќин за меланом. Со доволна акумулација на овие мутации крајниот резултат би можел да биде рак. „Како старееме така бројот на мутации се зголемува и нашиот имунитет опаѓа“, објаснува д-р Вагнер што многу ја зголемува веројатноста за појава на канцер на кожата.

Дури и оние што ќе имаат среќа да не заболат од рак на крајот ќе ги почувствуваат ефектите од долготрајното изложување на сонце: нееластична, избрчкана, тврда кожа, која може да направи луѓето да изгледаат многу постаро отколку што се навистина.



ДВА ВИДА ЗАВИСНОСТ Сумирајќи ги се' поголемите докази за зависничкиот потенцијал од УВ- зрачењето, д-р Хорнунг вели дека оние што редовно се сончаат покажуваат знаци и на физиолошка и на психолошка зависност. Како што е случајот со цигарите и алкохолот, кои „честопати се консумираат и покрај сознанието за нивните опасности“, вели таа, обидите да се намали неправилната употреба на УВ-зраците преку едукација за неговата опасност, по се' изгледа, наидоа на незаинтересираност. Јасно е дека нешто друго го поттикнува ова однесување и за некои тоа нешто изгледа е зависноста.

Во истражувањето на д-р Вагнер, спроведено со д-р Моли Вартан и Татсуо Ушида, беа направени два вида тестови за злоупотреба на супстанции врз 145 лица, кои се сончале на плажата на Галвестон Ајленд. Едниот е модифицирана верзија на тест што често е употребуван за искоренување на зависноста од алкохол. Наречен е ЦАГЕ, акроним за четири прашања: Дали некогаш сте почувствувале потреба да прекинете со сончањето? Дали ве нервираат луѓето кои го критикуваат вашиот исончан изглед? Дали некогаш сте се почувствувале виновни поради сончањето? Дали некогаш сте почувствувале дека прва работа што треба да ја направите изутрина е да се исончате?

Авторите открија дека 26 отсто од оние што одат на плажа ги исполнуваат ЦАГЕ-критериумите за зависност. Во вториот тест, модифицирана верзија на официјален психијатриски дијагностички критериум за зависност од некоја супстанција, 53 отсто од анкетираните имале позитивен резултат. „Лицата што хронично и во повеќе наврати се изложуваат на УВ-зрачење за да добијат потемен тен, најверојатно, имаат нов вид нарушување предизвикано од УВ- зраци. Ослободувањето на ендорфин, кој дава чувство на задоволство во мозокот на корисниците на УВ-зраци, најверојатно, е стимул за зависноста од сончање, покажуваат истражувањата.



ПОВЛЕКУВАЊЕ И ПРЕВЕНЦИЈА Истражувањето на д-р Стивен Фелдман и на колегите од универзитетскиот баптистички медицински центар „Вејк форест“ демонстрира дека честите корисници на солариумите доживеале симптоми на прекинување кога им бил даден лекот „налтрексон“, кој ги блокира пријатните ефекти од наркотиците. Редовните корисници на солариумите пријавиле симптоми, како што се гадење и нервоза кога „налтрексон“ го блокира нивниот ендорфин.

Дерматолозите се едногласни во залагањето за строги регулативи за солариумите, особено забраната за давање на овие услуги на малолетници.

Д-р Хорнунг, исто така, се залага за едукација на децата уште од мала возраст секогаш да користат лосиони за сончање и да избегнуваат прекумерно изложување на сонце и кога го користат лосионот, бидејќи дури ниту најдобрите лосиони за сончање не можат целосно да ги спречат штетите од сонцето.

(Интернешенел хералд трибјун)


#
Статијата е прочитана 773 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Бившата жена застана во негова одбрана
Лажела за чистењето од дрога
Лековите за плодност не го зголемуваат ризикот од рак на јајчници
Конечно, без брада
Денес една фризура, утре друга
Фустани од кондоми
Промена на кариерата
Се' уште фасциниран од голите женски тела