„Семос едукација“ ја доби наградата за најдобар нов тренинг-центар за 2010 година на глобално ниво од страна на „И-Си консил“ (EC-Council). Наградата ќе биде доделена на 13 октомври за време на конференцијата во Мајами „Хакер халтид“ (Hacker Halted) и ќе и' биде врачена на Ирена Ивановска, раководителка на секторот за етичко хакирање.
„И-Си консил“ е светски позната организација, чија дејност е едукација и сертифицирање на етички хакери од многу познати корпорации и институции, како што се „Мајкрософт“, „Сиско“, „Мекафи“, ФБИ, Скотланд јард, ИБМ, КПМГ, „Симантек“, „Гугл“ и многу други. Поради опасноста од сајбер-нападите кои секојдневно растат, компаниите веќе ангажираат таканаречен добар хакер. (Д.Р.)
Баба Ката од Секулицу памти доста подалеко од нашите Грујо и компанија.Баба Ката не знае кои се тие што делат и по кои критериуми делат награди,плакети, признанија итн. Само да ве потсетам нешто. Пред 1990 год. , талентираниот “ПАЛАС ТУРИСТ’, беше по сите шавови ГОТОВ!Арно ама во тоа време од Шпанија, доби некакава ЛИДЕР НАГРАДА за туризам за Европа. Вања и компанија, нормално,славеа а вработните уште си ги чекат платите...Луѓе мои да не с е радуваме на овие награди, признанија,плакети... Сето тоа е ПЛАТИ како на ФОН и носи... Ај да бидеме живи и здрави...
Од: ФЕЛИКС
Датум: 16.09.2010 18:30:45
И ние се сеќаваме како се добиваат награди.Имавме стопанственик на годината,наградата ја прими од рацете на преседателот тогашен на државата,за по неколку месеци наградениот стопанственик ги усреќи Битолчани и останатото граѓанство.Ката од Секулица ќе се сети највероватно со воодушевување за кого пишувам,бистра си е таа.