Учениците се вратија на настава
БИТОЛА - Прекинат е 10-дневниот бојкот на наставата во ОУ „Крсте Петков-Мисирков“ во битолското село Лажец. Наставата продолжува според предвидената програма за учениците од прво до четврто одделение. Наставата не почна на 1 септември бидејќи родителите на учениците Македонци не се задоволни од одлуката на Советот на Општина Битола, на влезот од селото Лажец да се гради џамија. (Д.Р.) |