Аптеките вчера останаа затворени, а вработените револтирани ги зазедоа просториите на дирекцијата
Снежана Калабакова
Вработените во „Градски аптеки“ откако и по седум месеци не ги добија своите плати, вчера воопшто не ги отворија аптеките и од раните утрински часови влегоа и ги зазедоа просториите на дирекцијата. Таму останаа до попладневните часови, а потоа со транспаренти в раце излегоа на протест во строгиот центар на Скопје. Веќе еден месец телефоните во аптеките им се исклучени и тие немаат никаква комуникација. Како што рекоа, нивното координативно тело секојдневно ќе се состанува и ќе ги договара идните активности за да се сврти вниманието на одговорните кои досега требаше да им го решат проблемот. Тие тврдат дека судската извршителка Весна Младеновиќ до минатата сабота им ветувала дека се подготвува исплата на плати, а потоа од необјаснети причини се откажала од водење на случајот и вработените повторно не ги добиле заработените пари. Случајот, велат од „Градски аптеки“, е заглавен во правни лавиринти.
Во текот на вчерашниот ден во писмена своерачно потпишана изјава, Благој Механџиски, сопственик на фармацевтската куќа „Зегин“, која е акционер во „Градски аптеки“, посочува дека тој согласно со Законот за установи и Договорот за основање на „Градска аптека“, со оглед на донесената одлука, содружниците се согласиле на исплата на целокупниот заостанат бруто личен доход, заклучно со 31 август годинава. Исплатата, се вели во изјавата, можеле да ја реализираат по принципот „соодветно на сопственоста на уделите на ’Зегин – Механџиски‘ со 47 отсто и ’Фармакорп‘ со 50 отсто“. Притоа, додава дека тој се согласува на исплата на платите, доколку се согласат поранешните директори со статус на неотповикливи оставки, заверени кај нотар, да ги потпишат платните налози.
Поради неисплатените плати, вработените веќе се судираат со проблеми од егзистенцијална природа. Некои од нив веруваат дека им се врши современ мобинг, бидејќи постојано се под психолошки притисок. Велат никој не ги брка од работа, а доаѓаат да работат за без пари. Околу деведесет вработени, колку што останале, со гордост велат дека го носат белиот мантил и сакаат да работат, но за нив е срамно да имаат празни аптеки, во кои немаат ниту витамин Ц за пациентите, нема „кафетин“, „аналгин“, нема пелени „памперс“, кашички... и затоа има дневен пазар од 60 денари и нема плати. Голем број од нив велат веќе не можат да си ги плаќаат сметките, да ги враќаат ануитетите за кредити по разни основи, немаат покритие за ратите на кредитните картички, а некои немаат повеќе средства ниту за да го платат превозот до работа.
„Редно е да им го свртиме вниманието на одговорните, на оние што не' донесоа на ова дереџе и секој ден ќе протестираме. Нашите семејства дома се без леб, ни се книжат камати врз камати и телефоните ни се исклучени.
Не функционираат законите, иако реагиравме, веќ�� осми месец нема плати. Брендот згасна, а честа и името на ’Градски аптеки‘ го ставија во кал“, рече на протестот вчера Љубица Христовска, вработена во „Градски аптеки“.
Za vakov slucaj vo Amerika Department of labor vednas mu gi blokira smetkite od bankite i dodeka ne gi isplatat rabotnicite ne mozat da vadat pari od smetkite. Vo slucajot izgleda i dvajcata se golemi prevaranti i nemozat da se dogovorat .
Од: med.sestra
Датум: 18.09.2009 07:39:20
Ne deka bas uzivam da se sitam, rabotata me naucila da imam razbiranje za sekogo, no ova sto im se slucuva na aptekarive, mislam deka e vo red. Vreme bese da go pocuvstvuvaat seto ponizuvanje koga nekoj ne te pocituva i te potcenuva. Tie bea najprivilegirana kasta, gi ucenuvaa lekarite da im davaat recepti, koi gi materijaliziraa vo svoite apteki, pa doma si nosea kutii sokcinja, kozmetika, sredstva za licna higiena i drugi raboti sto gi ima vo aptekite,bez denar da platat. Zgora na toa, srednist-aptekar imase pogolema plata od nasite lekari. A samo sporedete ja rabotata i odgovornosta na edniot i drugiot(obicen prodavac).
Dokolku tie si ja vrsea rabotata odgovorno i cesno, Gradski apteki nemase da propadnat.
Од: Patriot
Датум: 18.09.2009 08:30:32
Ako "Zegin" i "Trifun" se makedonskiot brend vo pretpriemnistvoto togas loso i se pisuva na ovaa drzava. I dvajcata se pokazaa vo vistinsko svetlo. Zegin zapocna so carinata preku negovoto Cunami, pa preku Fondot za zdravstvo pa preku Vinarskata vizba vo Veles i sega dokrajcuva so Gradski. Trifun istoto go stori so Porcelanka i se taka po red. Ima li vo ovaa drzava institucija koja se bori protiv organiziraniot kriminal? Kade e obvinitelstvoto? Dali ovie t.n. biznismeni se najgolemite donatori na site dosegasni politicki partii na vlast? Mozevi toa e pricinata za nivniot "uspeh" ?. Zatoa ne ni ja biva drzavata!
Од: fani
Датум: 18.09.2009 08:31:36
Gi zalam vrabotenite vo gradski apteki, ama i site drugi farmacevti vo drzavava, bidejki da se bide farmacevt vo ovaa drzava e mnogu tesko i ponizuvacki. Vo uslovi koga sekade vo svetot se promovira konceptot ,,farmacevtska griza za pacientot,, kaj nas farmacijata se smeta za trgovija, a farmacevtite za ,,obicni prodavaci,,.
Komentarot na medicinskata sestra zboruva za nejzinot karakter i nivo na obrazovanie a se cudam i so sto mozel nekoj farmacevtski tehnicar da gi ucenuva lekarite da mu prepisuvaat lekovi???
Poddrska za farmacevtite.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 18.09.2009 09:02:20
Аман Kolo dijamanto дај соземисе немаат друга работа Стејт Депарментот туку да се бават во САД со стотина вработени,или работиш или банкротираш нема тука сентименталност во бизнисот.А за двајцата олигарси кој од референтии стасаа до сопственици на големи богаства ништо нечуди.Сега треба соодветните органи со финансиски предзнак да го прочешлаат работењето на гр. аптеки и овие двајца да ги устројат,Сигурен сум ако се провери приватизацијата ќе се најде материјал за кривично гонење на гулубот превртувач кој прелетува од СДСМ во Благовестие и назад зависно од изборите и неуспешниот градоначалник на Скопје.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 18.09.2009 11:01:42
Магија на животот - до вчера гола Сиромаштија - преку ноќ, Газди! Успешен Феудалносоцреалистичкодемократски Напредок на Примитивците! Предлог до Аптекарите: Ако Опинциве од-Опута-Газди не се испотепаат меѓу себе, редно е да земете Лопати и да почнете да садите дрва!
Од: Марија
Датум: 18.09.2009 11:24:04
Едно прашање до медицинската сестра: Госпоѓо да ве прашам со што заслужиле вработените во Градски аптеки 8 месеци да доаѓаат на работа а да не примаат плата? Доколку вам не ви исплатат плата каде и да работите, по вашата логика вие сами сте си криви? Или приватниве фирми можат да си се однесуваат со своите вработени како што ќе им текне?
Ова е голем срам за државава каде очигледно не функционира никаква институција ниту пак закон кој ќе ги заштити вработените. Ова е само една огромна срамота за државава која очигледно ги поддржува газдите да си прават што сакаат.
Од: verag
Датум: 18.09.2009 15:05:53
Емо Филипс има кажано -го молев господ секој дан да добијам велосипед.офоцна сфатив дека Господ не функционира така, па украдов велосипед и се молев за прошка од Господ.Ова ми асоцира на некои бизнисмени- поголеми верници нема од нив( градат цркви,собираат икоми, прават верски календари) а крадат пари од вработените. Бидејќи кога не им ја исплаќаат заработената плата тоа е ништо друго туку кражба од нив. Нажалост работниците не се заштитени во оваа држава па работодавците можат да прават со нив што сакаат. Тие и понатаму се милионери, а вработените работат за нив без плата, бидејќи немаат совест ниту хуманост.
Од: od vrabotena vo gr apteka
Датум: 18.09.2009 18:47:19
mislam deka ne ni funkciuniraat instituciite bidejki za ovaa rabota bea izvestuvani uste pretri godini site molcea amed sestra neka napisi dali nekogas platila ineekcii za nekoj nejzin ili za prijatel sramota za nea kakvo med. lice sramota