Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
06.10.2011, 17:58

Си велам

Почит кон првиот претседател

Ерол Ризаов

Глигоров е нашиот човек на континуитет и крунски сведок

Првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, по многу нешта е феномен. Ја троши 95. година од животот, спокоен дека историјата ќе го смести таму каде што му е местото, без оглед колку е сега голема турканицата за влез во алејата на великаните и за запишување преку ред во списокот на заслужни дејци за самостојна Македонија. Медицински и биолошки феномен не е само поради долговечноста, туку и поради сложените и тешки операции што ги издржа по атентатот на 3 октомври 1995 година. Деновиве се навршија точно 16 години од овој злосторнички чин за дестабилизација на Македонија. Вообичаено се одбележува со по некој новински текст кој се' уште интригира, помалку возбудува, а повеке потсетува на една од најголемите мистерии од поновата историја на Македонија.А, неуспешната истрага некогаш повеќе е добар повод да се собере некој дневнополитички и партиски поен, отколку да се поттикне откривањето на една од најголемите тајни од трнливиот пат на независноста на Македонија.

Претседателот Глигоров го преживеа атентатот, ја преживеа и Втората светска војна, го преживеа социјализмот и самоуправувањето, а еве ја премавнува лека-полека и тешката и мачна македонска транзиција. Тоа е нашиот човек на континуитет, крунски сведок на многу значајни историсики настани, политичар кој живее и работи во три општествено-политички и економски системи. Во Кралството Југославија, во Титова Југославија и во независна и самостојна Република Македонија. Секогаш на значајни позиции, еден од креаторите на југословенските стопански реформи, посветен на македонските национални интереси и афирмација на Македонија без оглед на политичкиот систем. Од записничар на историската седница на АСНОМ на 2 август 1944 година кога е прогласена првата современа македонска држава до претседател на Собранието на Југославија и до претседател во два мандата на првата независна македонска држава, Киро Глигоров помина возбудлив и мошне интересен животен пат на државник и општесвеник , кој е еден од синонимите на македонската независност и на вековните стремежи на безбројни македонски дејци и генерации кон сопствена држава.

Секакви чуда се нагледавме во овие две децении транзиција. Ете, го доживеавме и тоа да видиме како мудрите Словенци дојдоа да му се заблагодарат на нашиот Глигоров за нивната независност и да му предадат Повелба за тоа што тој го направил за Словенија.Без оглед дали тој можел лично да присуствуа или не на тој чин.За нашата независност, пак, нашите големи преродбеници го заборавија својот прв претседател. Му испратиле покана три дена пред прославата, ама ете Глигоров не дошол. Така ли се кани прв претседател на државата на историски јубилеј. Ако се имаше чувство на државност и почит кон основачите на независна Македонија, покрај сите други кои, исто така, не дојдоа најмногу поради еднопартиските бои на јубилејот, Киро Глигоров мораше да биде централна фигура на големиот празник - 20 години независност, како што беше и на денот на прогласувањето на независноста, без оглед дали тој или некој друг е позаслужен за самостојноста на Македонија и без оглед дали бил во можност лично да присуствува, или не на прослвата на 20 годишнината на независноста. Актуелните денешни политичари во своите говори не го спомнаа првитот преседател на Независна Македонија. Секогаш првиот претседател е прв претседател. Тоа не може да се избрише. Секаде тоа е симбол на независноста на една држава. Нашите нови патриоти, како и сите револуционери кои не испукале ниту еден куршум , мислат дека времето почнува да се брои од нивното доаѓање на власт. Пред нив немало ништо.

Деновиве бевме сведоци на еден значен настан што дава најиздржан одговор за најжестоките критики што му се упатуваат на претседателот Глигоров во врска со името на Р. Македонија и нејзиниот прием во ОН 1993 година со референцата ПЈРМ (Поранешна Југословенска Република Македонија). Го слушнавме говорот на Генералното собрание на ОН на Махмут Абас, претседател на Палестина. Ги слушнавме и несоборливите историски, правни и политички аргументи зошто Палестина треба да биде независна држава. Ги слушнавме и долготрајните аплаузи, овации на огромното мнозинство земји во светот што ја поддржуваат палестинската независност. Уште не стивна вознесот и еуфоријата кога стаса студеното предупредување од Америка, членка на Советот за безбедност на ОН, каде што пет земји, постојани членки, владеат со светот според своите интереси и според тоа како тие го разбираат светскиот поредок. Американското вето за палестинска држава му беше најавена на Махмут Абас. Ќе биде и натаму долг и тежок патот на Палестинците за своја држава. А се' додека не стане држава призната од ОН, ќе биде сметана за сива зона, ничија територија, каде што важат други правила. На посилниот.

Така беше и со Македонија. Бев сведок на тие настани во Њу Јорк, во ОН. И претседателот Глигоров беше предупреден дека Франција, еден од петте светски џандари, ќе и' стави вето на самостојноста на Македонија ако тоа биде под уставното име. Политичките интереси го налагаа тоа без оглед што во светската историја Франција е запишана со големи букви како носител на најголемата придобивка на народите за самоопределување. Францускиот претседател Франсоа Митеран,тогаш, еден од највлијателните луѓе на Европа со голем авторитет и поборник на демократијата, му рече срамно НЕ на својот почитуван уставен судија Робер Бадентер, кој прв од светските експерти за меѓународно право кажа дека само Р. Македонија и Р. Словенија ги исполнуваат сите услови за признавање на нивната независност. Така вели меѓународното право, но не вели така политиката и интересите. Претседателот Глигоров одбра да не бидеме ничија земја, одбра да станеме членка на ОН, како земја на Македонците и на сите други што живеат во неа. Настаните во овие речиси две децении покажаа дека не згрешил. Лесно, мошне лесно можеше да се случи Македонија, како сива зона, се' уште да чека на прием во ОН, како што чека за прием во ЕУ и во НАТО иако и меѓународното право и правда се на нејзина страна, иако ги исполнува сите услови за тоа.

Претседателот Киро Глигоров е најзаслужниот човек што Македонија без ниту една жртва, без ниту еден испукан куршум е единствена држава од бивша Југославија што ја испрати Југословенска армија со потпишан договор. Промилошевиќската агресивна армада си замина грабајќи се', омразена од народот. Глигоров влезе во колективното памтење со својот став: „Нека носат се'. Само еден човечки живот вреди повеќе од сето тоа оружје“.

Само ова да го направеше првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, беше доволно за почит. Почитта кон првиот претседател на Р. Македонија е почит кон себе и својата Татковина.


Статијата е прочитана 3648 пати.

Испрати коментар



Петте минути на Најдовска
11 Октомври – борбата продолжува!
Готвачи на туѓи манџи
Рампата на Руфи



Itar Pejo, 07.10.2011 00:32:28
Odlicen tekst. Samo edna zamrka. Avtorot veli во светската историја Франција е запишана со големи букви како носител на најголемата придобивка на народите за самоопределување Da podsetam deka Francija e edna od nekolkute najgoemi KOLONIJALNI sili. Od pred cetiri veka, pa do deneska. Da podsetam li deka pred nekolku meseci pocna da ja bombardira Libija za da gi zastiti civilite a ovaa noc gi bombardira gradovite Sirte i Bani Waled.
Давид, 07.10.2011 00:43:42
Паралелата меѓу француската и американската закана со вето ти е комплетно искривоколчена. Пред да даваш суд потруди се да ја кажеш причината за најавеното американско вето - прочитај ги говорите на Обама и Нетањаху во Генералното собрание. Тие воопшто не го оспорија правото на Палестинците на сопствена држава, но побараа претходно да исполнат некои елементарни услови, првенствено гаранции за безбедноста на жителите на Израел од напади на бомбаши-самоубијци и ��акетни напади. Абас бара палестинска држава во границите пред 1967 година, Ерусалим како главен град и враќање на милиони Палестинци на територијата на сегашен Израел. Израел ја врати Газа на Палестинците како прв чекор на процесот „територии во замена за мир“. Наскоро потоа „Хамас“ - експозитура на Иран, ја презеде контролата и почна да истрелува ракети врз израелските населби и градови. На каков компромис ти би бил спремен ако би се плашел дали на глава ќе ти падне ракета или експлодира бомба во автобусот!?
jovan, 07.10.2011 00:59:40
Od denesna gledna tocka, ako se vratime vo periodot koga Gligorov bese na celo na ovaa drzava, mozeme slobodno da kazeme deka funkcijata precedatel si ja izvrsi cesno i korektno.Normalno imalo i greski, no so ogled na kompliciraniot period na devedesetite,vojnite niz ex-Yu,sepak dade golem pridones drzavata da go prezivee toj period, a bese period koga ne se znaese dali voopsto ke mozeme da opstoime kako drzava.Denes koga site tie turbolencii i neizvesnosti stanaa minato i zaboraveno, za zal pocnuvaat povtorno da ni se vrakaat, blagodarenie na nekoj gluposti koj samite si gi napravivme a ne gi predvidovme deka skapo ke ne kostaat.
Mapkoc, 07.10.2011 02:22:19
Во првите години на самостојност, Македонија, барем во очите на јавноста во Хрватска, каде живеам, беше вистинска ѕвезда. Нејзиното неверојатно чекорење напред, наспроти крвопролевањето во другите делови на бившата држава, беше пратено со восхит и разбирлива завист. Само политички џуџиња за тие незаборавни години на Македонија не можат да ги видат немерливите заслуги на првиот председател, Киро Глигоров. Затоа не е чудно таквото срамно и понижувачко однесување кон него, ама и кон државата во која се колнат со невидено лицемерие.
Zlatko, 07.10.2011 03:45:42
Sekoja cest za kolumnava i za pocitta kon nasiot pretsedatel i voopsto nasiot najdobar politicar koj sme go imale vo ovie 20 godini nezavisnost!
Istocna Makedonija, 07.10.2011 08:03:03
Taka e Erol!Kako sekoj,makar bilo da e toa individua koja ke zavzeme suverenitetno mes- to vo istorijata na MKD,pokraj dominantnite doblesti,ima i svoi nedorecenosti i kontradikcii roljata na Gligorov,vo eks Ju i osobeno sega, vo R.M. ne moze nikoj da ja negira i diskredi- tira.NIKOJ,pa toa da bide i najgolemi REFOR- MATOR i DESKRIPTOR(sekako pod navodnici) na nova istorija!Kako dopolna na eksplicirano to, nekoi fakti.Zavrseni dva fakulteti,Praven i Ekonomski,na togas prestizniot Belgradski Univerzitet,koj e formiran i funkcionira,na na sa zal,3 pati podolgo od nasiov prv vo SK. Kolku i da se napaga socijalizmot,vo Titova Ju da bides i s.sekretar za finansii(minister),pret sedatel na Sojuzno Sobranie(vo negovo vreme donesen,togas procueniot Ustav na SFRJ_1974g i na togas,neprikosnovenito i vo svetski razmeri Tito,po tret pat da mu go pre dades Ordenot na naroden heroj,toa ne mo- zelo da go napravi slucaen covek.Ne moze da se negira i negovata uloga vo denesninata
Mirko, 07.10.2011 08:39:15
Bravo g.Rizaov! Ovo e za pametenje i za nauk. Sramno za ova garnitura na vlasta, koja e samobendisana i nisto poveke. Ziveat vo iluziji, a toa stetno za drzavata i narodot. Bi dodal, deka i JB.Tito e isto tako zaboraven, a toj e po mene, inicijator za sozdavanje na R. Makedonija.
citatelka2, 07.10.2011 08:50:37
Многу многу емотивно Ерол, ти благодарам. Се чувствува од дното на душата твојот правичен револт. Сега пак ќе настапат оние што толку сакаат да те сместат во немакедонци, но не се секирај, тие врска немат ниту што е патриотизам, ниту што е историска вистина.
Морис, 07.10.2011 09:15:41
Па сегашните лидери некако се плашат од аурата на Глигоров но за мене најлошо е што немаат смелост лично да го напаѓаат туку го напаѓаат оние превртливците кои во негово време го величаа и како амбасадори и функционери го храбреа и подржуваа во тоа што го работи , а сега го плукаат во името на сегашните лидери како пиреј закачени за секоја власт. Дури и Борис Трајковски имаше поголема почит кон Глигоров од сегашниот претседател кој некако заборава пред да стане претседател како било. Затоа почит за Глигоров не само како политичар туку и како човек пред се.
Dolno Vodno, 07.10.2011 09:46:30
Edna grda slika so gorcliv vkus, ostavi osastvoto na Pretsedatelot Gligorov, na proslavata na 8 Septemvri o. g. Za golemo cudo, se pravea slavopojki na eden ili drug od nekogasnata Vlada, no ne se najde mesto za da se spomne ovaa nasa vistinska Ikona -Kiro Gligorov. Negovoto vremeke ostane nezaboravno po site vredni sobitija na samostojna Makedonija koga vikavame Gospd da ni go pozivee Kiro Gligorov! Toa bese vrem so prijateli sekade niz Evropa , bevme isslusuvani i podrzuvani od nim,a deneska sme sosema zaboraveni. Do Pretsedatelot K G, mozese lesno da se dojde,da se pobara sovet ili da mu se dade nekoj predlog, makar bil i naiven koj toj go isushase vnimatelno.Bez sram mu prepisuvaat predavstvo na imeto, samo onie koi sakaat da zaboravat, sto se slucuvase togaj niz Jug.i pod kakvi blokadi ziveevme.Toa bese zlatnoto vreme koga so pravo imavme NADEZ. Sramota e sto dozvolivme da mu se napravi atentat kako sto e sramota da mu podmestuvaat zaborav.
Трпе, 07.10.2011 12:03:58
За господинот Киро Глигоров доволно е за почит само оваа што за РМ го напрви во поновата историја за републиката.За време додека беше тој татко на нацијата,Македонија беше оаза на мирот.Кога дојдоа на власт лажните патриоти, кои неправедно го плукаа нашиот претседател само што не го подржува нивниот табор се отиде во неповрат.А како може дечки со лошо домашно воспитување, да имат почит кон човекот што го потрошил животниот век за сопствениот народ.Исто така тие неможат да му дадат нему признание затоа што времето во РМ започна да се рачуна од доаѓањето на власт на партијата на Груевски.Човек со просечни способности надограден со титули искористувајки го сопственото владеење.
Dragica Lapajkoska-Belchevska, 07.10.2011 13:54:33
Za zal g-not Premier i negovite istomislenici ne sakaat da znaat za ubavite dela . Mi redat nekoj si Vanco Mihajlov,Nara Buneva site bugarofili koe vece e ocigledno za Gruevski iako e vo maskanegovoto lice. Za potsetuvanje,Gruevski bese menadzer vo bugarskata banka vo Skopje,a od kade do kade tamu,toj znae. Za Gligorov sekoja cest.
do Mirko i Dragica, 07.10.2011 17:46:58
Zelba za makedonska drzava i inicijativa imase samo kaj makedonskiot narod i kaj nikoj drug,a Dragica ne znae li deka vo muzejot ima i figuri od Gligorov i Kolisevski,a figurite od Mihajlov i Buneva ne se staveni poradi nivno slavenje.Ne znam dali Gruevski rabotel vo takva banka,no znam deka Gruevski bese i sovetnik vo srpskata vlada.
milka bajalska, 07.10.2011 18:40:19
Статијата Почит кон првиот Претседател ме трогна ...Браво Вака требаше да му се заблагодарат и другите кога се одбележуваше 20годишнината од независноста.Вие сте доајен на нашето новинарство,со вашите сведоштва ,со вашиот извонреден новинарски стил и објективност,успеавте да му дадете достојна почит, на нашиот Прв Претседате.Кон ова и јас најтолпло ви се придружувам
pola BT pola VE, 07.10.2011 23:34:25
Ne se dostojni ni cevlite da mu gi iscistat - no toa e toa . Megutoa g.Gligorov za mene ke ostane legenda - sto ne mozam da go recam i za nekoi drugi licnosti.G. Rizaov povtorno ste na piedestal kaj mene za vasite pravilni razmisluvanja i kolumni. Vi cestitam

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -2°C

Облачно

Среда
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -7°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |