Број 3648  петок, 05 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Економија

Три или три и пол - нам ни треба двојно

Експертите и опозицијата сметаат дека и новата прогноза за раст на економијата годинава од 3,5 отсто, всушност e малa

Нина Нинеска-Фиданоска
Александрија Стевковска


Доаѓаат ли навистина подобри денови за македонската економија, ќе има ли побогат и посигурен живот за граѓаните? Додека во светски рамки економските случувања поминуваат во знакот на неизвесност, кај нас не стивнува оптимизмот дека до��ѓаат подобри денови.

Владата веќе излезе со својата економска програма, во која на народот му вети подобра иднина, помала невработеност, многу нови инвестиции, повисоки плати... Изразено низ бројки, таа тврди дека ни претстои висок економски раст, почнувајќи од 3,5 отсто годинава, меѓу четири до пет проценти во следните две години, па се до 5,5 до седум отсто раст на бруто домашниот производ (БДП)во 2014 и 2015 година.

И монетарната власт деновиве излезе со оптимистички прогнози - поголеми од оние со кои досега оперираше. Гувернерот Димитар Богов соопшти дека Народна банка на Македонија (НБМ) очекува поголем економски раст и забавување на инфлацијата до крајот на годинава. Според новите проекции, растот на БДП годинава треба да изнесува 3,5 отсто, што е повеќе од претходните очекувања за раст од 3 проценти.

Инфлацијата, пак, ќе изнесува 4,5 отсто и дури и помалку од тоа ниво, иако до неодамна Народната банка сметаше дека инфлацијата за годинава ќе се движи во границите меѓу 4,5 и 5 проценти. Сепак, од таму прецизно ги наведуваат и ризиците кои и натаму се присутни за домашната економија, а кои се поврзани со должничката криза во еврозоната.

Дел од екпертите, бизнисмените, како и опозицијата, вчера коментираа дека за македонските граѓани не е толку битно дали растот годинава ќе биде 3 или 3,5 отсто, туку дека за вистински просперитет на земјава и' се потребни двојно повисоки стапки. Забележуваат и дека Владата и Народната банка веќе се приближуваат во своите прогнози за економската иднина.

„Генерално, во минатото имавме ситуации во кои постоеше поголема разлика, односно несовпаѓање меѓу проекциите на НБМ и на Владата во поглед на тоа што ќе се случува со македонската економија. Сега сме сведоци дека тоа несовпаѓање полека исчезнува и дека Владата и централната банка почнуваат да имаат иста перцепција за стапката на раст на БДП за 2011. Имено, новата прогноза на НБМ за раст од 3,5 отсто веќе е идентична со онаа на Владата. Значи, се приближуваат ставовите на двете институции“, вели економистот Зоран Јовановски, потпретседател на СДСМ.

Според него, сега е битно што ќе се случува со ликвидноста на реалниот сектор, но и каква ќе биде кредитната активност на банките. За ликвидноста на реалниот сектор најважно ќе биде Владата навремено да ги исполнува своите обврски кон фирмите, по сите основи. За кредитната активност ќе видиме што ќе се случува со каматните стапки, во услови кога каматите во еврозоната почнаа да се зголемуваат.

„Независно дали стапката на раст ќе биде 3 или 3,5 отсто, тоа ништо суштински нема да подобри во македонската економија. Нејзе и' требаат двојно повисоки стапки на раст, но за такви стапки се потребни поинакви економски политики“, вели Јовановски.

Поранешниот министер за финансии, Никола Поповски, смета дека проценките на НБМ се релевантни, но во овој случај тешко може да се употреби зборот ревизија на макроекономските проекции за 2011, бидејќи се работи за мали процентуални поместувања.

„Практично, се работи за прецизно прилагодување на проекциите. Основно е што и оваа ревизија покажува дека годинава, сепак, ќе имаме мал раст. Дури и ако се реализира проектираниот владин раст од 3,5 отсто, кој се поклопува со оној на НБМ, тоа нема да предизвика промени на подобро. На Македонија и' се потребни минимум 5 отсто, за економијата да тргне напред. На пример, во европска држава раст и од еден отсто е многу позначаен од нашите 3,5 проценти. Растот не може да го изѕидаат неколку нарачки во металната индустрија. Тој значи многу повеќе“, вели Поповски.

Според Мирче Чекреџи од Сојузот на Стопански комори на Македонија, прогнозите за раст од 3,5 отсто и не се многу оптимистички. „Сите институции излегоа со прогнози дека растот ќе се движи околу 3 отсто, па половина процент повеќе и не значи многу. Како и да е, на Македонија и' е потребен многу поголем раст од проектираниот и тоа во распон од 5 до 6 отсто. За тоа да се постигне, треба да се интервенира во фискалната политика, преку намалување на даноците за фирмите, за нив да им се ослободат средства за работа“, вели Чекреџи.

Што се однесува до проекциите за инфлација, тие покажуваат дека и таа се смирува и треба да се држи под 5 отсто, бидејќи над таа граница би била штетна и за граѓаните и за фирмите. „Доколку се увиди дека укинувањето на мерката за намалување на акцизите на нафтата може да ја подгрее неговата цена, Владата, заради контролирање на инфлацијата, ќе треба да ја продолжи мерката“, препорачува Чекреџи.

И професорот Томе Неновски од Амери��ан Колеџ смета дека прогнозата за раст на БДП од 3,5 отсто, не е оптимистичка. „Новата проектирана стапка од 3,5 отсто ја сметам како реално изводлива, дотолку повеќе што во првиот квартал БДП порасна за 5,1 отсто. Стапката од 3,5 проценти не е неостварлив раст. Во врска со инфлацијата, ако вака продолжи состојбата на зелените пазари, сметам дека ќе биде дури и под новите проекции на НБМ“, вели Неновски.


#
Статијата е прочитана 1687 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 05.08.2011 08:23:32
Со ваков раст на економијата,гарант ке ни љубоморат развиените земји.Ич не е важно што тие земат и по десет пати поголеми плати а цените им се некаде едвај 2 пати поголеми од нашите.Партиските лајачи од редовите на позицијата се радуват на кризата на грците ама не слушнале дека тие земат нешто малку повеќе од 5 пати поголеми плати од нашите.Што е важно ние си ја познаваме основната математика.Рибаипол денарипол колку чинат 5 риби.
Од: toni
Датум: 05.08.2011 10:01:32
sto vi e cudno za priblizuvanje na stavovite na vladata so narodnata banka,pa gagov e vmrovec 100%!!!
Од: stavre
Датум: 05.08.2011 11:42:49
Epten izbalansiran napis. Dali se relevantni stavovite na Vasite komentatori ili na site evropski i svetski finansiski i ekonomski institucii neka sudat citatelite. Gospodinot bivs minister za finansii koga dojde na taa funkcija ne razlikuvase monetarna od fiskalna politika i za sufler na konferenciite za pecat go imase segasniot direktor na carina kargov. Pozdrav
Од: Zeitgeist
Датум: 05.08.2011 13:09:48
Abe ovaa vlada na koja planeta zivee ? Samo vcera vo eden den site berzi padnaa za 3-5 %. A oni proektirale rast na godisno nivo od 3 %. Koj son go sonuvaat ovie nedorasnati ekonomisti i politicari, jas toa nikako ne mozam da go sfatam. A uste pomalku glupaviot narod koj glasase za niv !
Од: k2
Датум: 05.08.2011 13:47:34
Edno prasanje do "ekspertite" i opozicijata ....Dali vie gledate sto se slucuva vo svetot ...dali vie vidovte sto se sluci na Wall Street vcera kade marketot padna 513 poeni......I neka vnimavaat sto ke se sluci denes koga izleguvaat brojkite za nevrabotenosta vo USA....Dali vie eksperti i opozicijo (zatoa ste opozicija) se razbirate vo ekonomija.......3.5 % vo vakva Svetska ekonomija e uspeh.....
Од: Perec Kifla
Датум: 05.08.2011 14:36:11
Na podobro tesko deka ke odi. Na poloso, sigurno.

Најди! во Утрински
Економија
Хрватска ги намалува ратите на кредити во франци
Турски фирми ќе инвестираат во Грција и во Романија
Бум на германската автомобилска индустрија
Флоријан Нидерсус е нов главен маркетинг-директор на „Вип“

"""