Број 3648  петок, 05 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Економија

Бум на германската автомобилска индустрија

Германската автомобилска индустрија бележи постојан стопански раст. Бројот на новорегистрирани автомобили се зголемува, а листата на нови порачки останува полна. До средината на годинава производството беше на рекордно ниво, а наредната година се очекува да се произведат повеќе од 5,9 милиони автомобили.

Горивото во првата половина од 2011 година беше толку скапо како никогаш досега. Возачите мораа да плаќаа�� во просек 1,52 евра за еден литар супер, додека минатата година бензинот беше за 11 центи поевтин. „Меѓутоа, на големата љубов кон автомобилите ништо не и' стои на патот. Бројот на новорегистрирани возила во првата половина од годинава значително порасна“, вели Матијас Висман, претседател на Сојузот на автомобилската индустрија. „До крајот на 2011 година, очекуваме да се регистрираат повеќе од 3,1 милиони нови возила. Ние сме внимателни со овие процени и за да ја оствариме целта во втората половина од годинава, доволно е да имаме и два процента пораст на пазарот“ додава тој.

Со оглед на големиот број нарачки,по се' изгледа дека плусот ќе биде значително повисок од планираниот. Станува збор за тренд, од кој профитира автомобилската индустрија. Поголемиот дел од произведените автомобили, односно 4,9 милиони, се за извоз. Германските автомобили во странство се барани како никогаш досега. Во Западна Европа речиси секое второ продадено ново возило е од некој германски автомобилски концерн. Во Кина секој петти автомобил што се вози е од германско потекло.

„Според бројот на возила, а моментно тоа се 30 автомобили на 1.000 жители, пазарот во Кина нуди далеку повеќе можности за натамошен пораст на производството. Во Германија оваа бројка изнесува 517 автомобили на 1.000 жители, но и доколку не ја постигнеме, потенцијалот е огромен. Кина е нашиот најважен странски пазар и нашето учество веќе трета година едноподруго расте и покрај тоа што сега имаме речиси 20 проценти учество”, објаснува Висман.

Покрај тоа, автомобилската индустрија известува за успеси и во Индија, Бразил, Русија и САД. Со оглед на зголемувањето на цените на горивото во овие земји, особено се барани автомобилите со штедлив дизел-мотор од типот на т.н. лајт трак. Тоа се веновите, пик-ап автомобилите и теренските возила. Оваа година во САД секое трето продадено дизел-возило од овие категории е од германско потекло.

„Во минатото, на германските автопроизводители им се префрлаше дека го преспале трендот на штедливи, а со тоа и на автомобили што испуштаат помалку јаглероден диоксид. Во меѓувреме, за вакво нешто не може воопшто да се зборува“, вели Висман. Еден нов германски автомобил во просек испушта 148 грама ЦО2 на километар. Овој процент кај автомобилите, пак, што се увезуваат во оваа земја изнесува 145,4 проценти.

„Порано бевме пет, шест или седум поени понапред, но сега се' побрзо се доближуваме и покрај тоа што ги произведуваме поголемите автомобили. Уметноста не е во тоа да се направи мало возило со потрошувачка од четири литри, туку да се произведе ’мерцедес – С‘ класа или БМВ - ’седумка’ што ќе троши околу пет литри гориво на сто километри. Во тоа е инженерската уметност“, вели тој.

Цел на германската автомобилска индустрија е да произведува автомобили со полесна каросерија и со штедливи мотори, како и да развива алтернативни погонски системи. Ваквиот развој, меѓутоа, ќе ја чини многу пари. Како во ниту една друга бранша во Германија, ќе се вложуваат по 20 милијарди евра годишно за развој и истражување на автомобилите.


#
Статијата е прочитана 1365 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Три или три и пол - нам ни треба двојно
Хрватска ги намалува ратите на кредити во франци
Турски фирми ќе инвестираат во Грција и во Романија
Флоријан Нидерсус е нов главен маркетинг-директор на „Вип“

"""