Број 3648  петок, 05 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Економија

Турски фирми ќе инвестираат во Грција и во Романија

Истанбул - Турските фирми во текот на оваа година планираат значително да ги зголемат своите инвестиции во земјите од Југоисточна Европа, кои се најсериозно погодени од економската криза, како што се Грција и Романија, објави турскиот информативен сајт „Ворлд билтен“.

Шефот на Одделот за институционално финансирање на консултанската компанија „Ернст енд Јанг“, Мусфик Кантенкинлер, вели дека повеќето од инвестициите на турските фирми во странство ќе бидат реали��ирани во соседните региони на Турција, пред се', во балканските земји.

Според него, турските инвеститори најголем интерес пројавуваат за мали и за средни инвестиции, во износ меѓу 50 и 150 милиони долари и тоа,пред се', земји како што се Грција и Романија.

„Турските фирми сакаат да инвестираат во странство во секторите за недвижности, градежни материјали и компоненти, прехрана и телекомуникации“, дополни Кантенкинлер.

Според оцените на „Ернст енд Јанг“, во првите шест месеци од годинава фирмите од Турција во странство инвестирале седум милијарди долари, додека до крајот на 2011 се очекува турските директни странски инвестиции да достигнат најмногу 20 милијарди долари.

Во почетокот на годината оваа консултантска куќа предвидуваше дека турските компании годинава во странство ќе инвестираат меѓу 25 и 30 милијарди долари. (МИА)


#
Статијата е прочитана 620 пати.

Испрати коментар

Од: valdez od Prespa
Датум: 05.08.2011 07:13:42
Vo Makedonija ke idat ili ne idat.
Од: Tina
Датум: 05.08.2011 12:33:12
Ako vi e poznata istorija za vreme Otomanskata Imperija, Grcite shpijunirale protivu Makedonci kaj Turcite i kao zahvala na tie predavki, Turcija im pokloni mnogu Makedoncki manastiri, i eparhijata od ednas se prepisala na Grcite i tie vlegoja vo Konstantinopole, kako divograzba. Sega Turcija saka da gi prodlzi rabotite, oti se oseka pola kriva za site tie mrtvi Makedonski popovi i vladici, i uciteli. Da vidime koj oste ke se spriateli okolu nas. Bugari so Grci, sega Turci so Grci, zbog vo EU, ha, Albancite so Turcite i Bugarite i oste koj si. Kao vrshnik, se okolu Makedonija. Ah bre, mer si nemate napraveno svoja legitimna istorija do sega? Kobajagi ke si pomagale eden na drug. he,

Најди! во Утрински
Економија
Три или три и пол - нам ни треба двојно
Хрватска ги намалува ратите на кредити во франци
Бум на германската автомобилска индустрија
Флоријан Нидерсус е нов главен маркетинг-директор на „Вип“

"""