Број 3260  сабота, 17 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Македонија

Љубе Бошкоски го тужи Мане Јаковлески за клевета

Бошкоски смета дека Јаковлески со намера ја навредил неговата чест, нарекувајќи го предавник во емисијата „Отворено со народот“

Киро Кипроски


ГОСТИВАР - Мане Јаковлески, претседател на Здружението за спас на Љубе Бошкоски, ќе седне на обвинителна клупа во скопска „двојка“ и ќе одговора за клевета, по приватна тужба на Љубе Бошкоски. Според изнесените факти во тужбата, Бошкоски смета дека Јаковлески со намера ја навредил неговата чест, достоинството и угледот, нарекувајќи го предавник во емисијата на МРТВ „Отворено со народот“. Овој прилог беше емитуван лани на 4 декември, со тема „12 години затвор за Јохан Тарчуловски - судбина или предавство“. Бошкоски од судот бара Јаковлески да биде прогласен за виновен и да му исплати нематеријална штета од 1.500.000 денари.

Јаковлески и Бошкоски беа долгогодишни сопартијци, блиски пријатели. Како претседател на Здружението, Јаковлески четири години беше носител на сите активности за да ја докажат вистината за Бошкоски пред Хашкиот суд. Во 2008 година Бошкоски беше ослободен и се врати во Македонија.

Тврдењата за навреда тужителот Бошкоски ги поткрепува со извадоци од настапот на Јаковлески. „... Партијата го бранеше во Хаг, го одбрани и по враќањето од Хаг, ни го сврте грбот. Тој почна да плука по сите нас, по неговата тогашна партија, по мене, неколку пати ме навредуваше на митинзите што ги одржуваше низ Македонија, секојдневно го навредува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. За мене беше шок кога ја видов снимката. Не можев да поверувам дека Љубе, кој глумеше дека е патриот и пријател на Јохан Тарчуловски и на неговото семејство, врши предавство токму на Јохан“ ...

„Не сум изненаден од се' што кажа и што направи Бошкоски, по излегувањето од затворот во Хаг, па и со поднесувањето на тужбата“, изјави Јаковлески. Снимките објавени на „Јјтјуб“ ги коментирав во емисијата ‘Гласот на народот‘, не ги измислив“, рече Јаковлески.

„Можеби како претседател на Здружението не сум направил доволно за неговата одбрана, можеби не сум го посетил почесто во затворот во Хаг и затоа ми се лути“, со разочарување вели Јаковлески.

Тој му порача на Бошкоски повеќе да не навредува кој било член на ВМРО-ДПМНЕ. „Можеби ВМРО-ДПМНЕ е виновна што Бошкоски е на слобода“, вели Јаковлески.


#
Статијата е прочитана 1304 пати.

Испрати коментар

Од: Игор
Датум: 17.04.2010 00:15:07
Смешки се ВМР-Овциве... Од прв до последен.
Од: До Игор (насмеаниот)
Датум: 17.04.2010 07:44:34
Бошковски одамна не е ВМРО-вец. Сега е заедно со СДС-Овциве.
Од: marjan.pp
Датум: 17.04.2010 08:32:00
uste malku i site ke stanete kako meur od sapunica,gledajte go prvo filmot ,,baunti;;a potoa ,,titanik''
Од: забеган
Датум: 17.04.2010 08:56:02
Вмелоска-работа!!!!!!!!!!!!!!.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 17.04.2010 11:07:38
Овој певлив лидер на ОМ е чуден сват,кога треба да прими покана небил достапен на доносителот на поканата а сопругата примила покана а заедно живеат на иста адреса.Сега види богати станува достапен кога треба да тужи,многу интересна да неречам комична комбинаторика.
Од: мила
Датум: 17.04.2010 11:18:52
И овие СДСМ-Овциве хахахахаахахахахахаа
Од: zapad
Датум: 17.04.2010 14:05:59
И на Мане како не му срам , па тој што дал за ВМРО во Берлин, триста пати го наплати во Македонија, си го доби и продаде Олимписко во Скопје , сега ги лаже фармерите со ноеви , а Љубе му беше добар кога „лапаше“ со Љубчо а овој си замижуваше. Нека се сети Мане кога не смееше да ја помириса Македонија. Сето тоа е интерес и затоа оставетего Љубе на мира а кажите нешто зошто нема во Хаг од другата страна.
Од: ввв
Датум: 17.04.2010 21:25:56
Колку да знае Феликс, да не се прави “нисам одавде“-пред некој ден истото се случи и за еден амбасадор кого Петар Арсов го тужи за клевета. Сите знаат дека е амбасадор поставен од владата, арно ама не можат да го најдат.Види богати. Затоа аршинот нека ти биде ист за сите
Од: MKD100
Датум: 17.04.2010 22:03:42
Eeee Makedonijo.... Samo prodolzete vaka VMRovci SDSMovci....ocite ke si gi izvadime edni na drugi a za toa vreme koalicionive partneri ke si ja vrsat svojata rabota....osveste te se site malku...pozdrav
Од: ilija
Датум: 17.04.2010 22:47:28
Mane e udbas, covek koj sekogas i sekade e so odredena cel samo za razdor i pari.
Од: sss
Датум: 18.04.2010 01:48:00
uvredi, kleveti ,tuzenja,izmami kradenja ,nasednuvanje ,korupcija,omraza ,rekla kazala i.i.......,se sto moze da bide loso ,se sto ja unistuva harmonijata vo univerzumot,se naoga vo MK,zamislete si samo edna nevidliva tocka od kartata na svetot ,a tolku polna so negativnost,pa boze moj moze li nesto ubavo da napisete vo ovie vesnici ili na tv ,sepak bidete pozdraveni

Најди! во Утрински
Македонија
Вмровската фотелја во Штип ја меркаат 17 кандидати
Вардар се излеа кај Раотинце
Државата бара закупци за плажи во Струга и во Дојран
Груевски вети економска зона во Тетово